29 Септември, 2024
0.0237

Со какви стрес тестови овој пат ќе се соочат банките?

Објавено во: Анализа 21 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Европските регулаторни органи откриваат уште детали за долгоочекуваните стрес тестови за банкарскиот сектор на континентот. Во своите последни варијанти на стрес тестовите Европскиот банкарски орган објави каков тип на информации ќе бидат објавени за секоја банка. Ќе бидат извезени податоци за капиталните композиции на сефовите, бројат на средства, профитот и загубите. Покрај нив ќе бидат познати изложеностите кон одредени држави, кредитниот ризик и операции. За секоја банка ЕБО ќе објави до 12 000 единици податоци. Ризичните активи на 124 од најголемите банки во еврозоната се во процес на оценување, чија цел е да се утврди како би се справиле сефовите со идни пазарни шокови. Европските банки беа во основата на финансиската криза во еврозоната, откако презедоа премногу долгови кои станаа отровни. Голем број влади во регионот беа принудени да интервенираат и да ги спасат страдалниците од кредитни институции. Последователно солвентноста на овие веќе задолжени земји се влоши. Стрес тестовите кои ќе завршат кон крајот на оваа година, се голем дел од обидите на Европската унија да избегне повторувањето на она што се случило. "Со откривањето на податоци на конзистентен и споредлив начин меѓу земјите членки на единствениот пазар ЕБО ќе создаде поголема транспарентност во работата на европските банки, придонесувајќи за подобрување на пазарната дисциплина во целиот банкарски сектор на ЕУ", информираат од ЕБО. Оценката на ЕБО, формирана на база на податоците од спроведените стрес тестови, значи дека институцијата ќе може "веднаш да им  алармира на националните надзорни органи за присуството на проблеми од било каква природа или статистички разлики, истовремено ќе може да ги објавува јавно сите податоци кои се однесуваат на банките во ЕУ ". Дополнителните детали во врска со стрес тестовите стануваат познати само неколку недели откако Португалија обезбеди речиси 5 милијарди долари за спас на трезорот Banco Espirito Santo. Се очекува ЕБО финалните резултати од стрес тестовите за европските банки да ги објави во октомври 2014 година. К.К.