Добивај вести на Viber
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ги очи децата за безбедност на храната преку капања која ќе трае две недели. Како што информираат од АХВ, со кампањата ќе бидат опфатени сите градинки, основни и средни училишта, како и граѓани потрошувачи од сите возрасти во општините Гази Баба, Кисела Вода, Штип, Прилеп и Гостивар.
Кампањата почнува денеска и ќе трае до крајот на месецот, а ја спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со 1,6 милиони денари финансиска поддршка од Јапонската агенција за меѓународна соработка „JICA“.
“Активностите ќе се фокусираат на одржувањето лична хигиена, миењето, чувањето и подготвувањето на храната, правилното читање на декларациите и изборот во рестораните“, рече на прес-конференцијата директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски.
Според него, потребата од едукација на потрошувачите за консумирање храна никогаш не е доволна.
Како што истакна градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски, кампањата ќе ги едуцира и вработените во градинките и училиштата кои понатаму практично ќе го продолжат проектот преку секојдневното работење.
„Целта е да ја подигнеме свеста за правилна и поквалитетна исхрана на граѓаните од сите возраст“и, потенцира Трајковски.
Тој и директорот Рунтевски потпишаа Меморандум за соработка со што и официјално го означија стартот на кампањата. Доколку бидат обезбедени дополнителни средства, како што истакна Рунтевски, активностите ќе се имплементираат и во други општини
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: