24 Април, 2024
0.0279

Со колку пари се тера година во македонската прва фудбалска лига?

Објавено во: Економија 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Фудбалскиот клуб „Силекс“ ланската година ја истерал по нешто повеќе од пола милион евра, успеал да излезе на евро-сцената, моментално е на третата позиција, а главен донатор му била Телевизија „Сител“

Македонскиот репрезентативен фудбал е во подем и многубројните домашни навивачи со внимание го чекаат претстојниот циклус квалификации и се надеваат за прв пат во историјата на Република Македонија да се радуваат на долгопосакуваниот успех да се пласира на претстојниот мундијал.

Македонската прва фудбалска лига е основата од која се регрутираат нашите најдобри играчи, кои во најголем дел прават трансфери во фудбалски лиги кои се со подобар рејтинг или каде што подобро се плаќа. 

„Фактор“ во оваа прилика врз основа на билансот на успех на фудбалскиот клуб „Силекс“ ќе направи обид , почитувани читатели, да ви даде макар и основна претстава каков бизнис е македонскиот прволигашки фудбал. И тоа преку билансот на еден од ретките фудбалски клубови кој во континуитет од основањето на нашата независна држава па до сега игра во првата фудбалска лига. „Силекс“ бил и шампион на Република Македонија, а имал успеси и на меѓународната фудбалска сцена. Податоците што ги објавиме се публикувани во извештајот од последното годишни собрание на акционерското друштво Фудбалски клуб „Силекс“ и се достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

„Силекс“ ланската година ја истерал со нешто повеќе од половина милион евра!

Официјалните податоци за „Силекс“, кој моментално е третопласирана екипа на табелата, покажуваат дека за 2017 година сите приходи на друштвото т.е. клубот се 35,37 милиони денари (нешто помалку од 600.000 евра). Има три приходни ставки и најголемата од нив се донациите кои изнесуваат 25,68 милиони денари (над 400.000 евра). Од реклами „Силекс“ лани имал приход во износ од 8,16 милиони денари  (132.000 евра) и успеал од УЕФА (Европската фудбалска федерација) да добие 1,52 милиони денари (околу 24.600 евра).

Друштвото лани потрошило 35,26 милиони денари односно нешто повеќе од 570.000 евра. Најголема расходна ставка на клубот се бруто платите на вработените (во најголем дел професионални фудбалери) и тие изнесуваат 11,12 милиони денари односно 180.000 евра. Втората најголема расходна ставка е врзана со наградите на фудбалерите. За награди и премии на своите фудбалери „Силекс“ лани платил 7,9 милиони денари односно вкупно 127.340 евра. Третата по големина расходна ставка е повторно поврзана со вработените т.е. со спортистите и се однесува на трошоци за превоз, сместување, регрес, исхрана, односно групирани како останати трошоци. За таа намена се платени 5,24 милиони денари. Следна ставка на расходната скала лани биле трошоците за арбитражен суд на УЕФА и за таа активност клубот платил 3,53 милиони денари. Значаен трошок е платен и за здравствени услуги и тоа во износ од 20.000 евра. На крај кога ќе се удри црта и плати данокот „Силекс“ лани годината ја завршил со добивка од 500 евра односно 32.804 денари.

Единствен акционер на овој фудбалски клуб е рударско индустрискиот комбинат „Силекс“ од Кратово. Фудбалскиот клуб е акционерско друштво основано со капитал од 25.000 евра.

Независната ревизија за 2017 година утврдила дека фудбалскиот клуб „Силекс“ работи согласно со сметководствените стандарди на Република Македонија и согласно со Правилникот за лиценцирање на УЕФА.

Во извештајот на независната ревизија пишува дека главен спонзор на клубот е Телевизија Сител преку донации, а другите приходи се од реклами од својот основач „Силекс“ и од неговата фирма ќерка „Силкрат ДООЕЛ“. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава