Со кредитниот договор Никозија ќе избегне нови перипетии
Објавено во: Балкан 04 Април, 2013 15:42
Кипар има потреба од меѓународен спасувачки кредит за да може економијата да и функционира, изјави денеска новиот министер за финансии, Харис Георгиадис, за државното радио РИК.
Во интервјуто тој ја изрази одлучноста на владата да исполни се што е договорено со меѓународните кредитори.
-Десетте милијарди евра се наменети за финансирање на нашите потреби и покривање на државниот дефицит, објасни тој.
Георгиадис подвлече дека кредитната спогодба е склучена и сега треба да се ратификува од останатите земји од еврозоната.
Според него, на овој начин земјата ќе може во текот на мај да ги добие договорените пари, бидејќи во овој период државната каса ќе биде испразнета.
Ако Никозија покаже доследност, ги примени сите договорки со Тројката меѓународни кредитори и ги почитува преземените рокови, ќе бидат избегнати нови перипетии за економијата и земјата, изјави Георгиадис.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





