10 Април, 2025
0.0556

КАМПАЊА:Со купен дијамантски прстен-гратис ловџиска пушка

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2012 10:09

Добивај вести на Viber

Една продавница за накит во американската држава Ајова, деновиве започна нестандардна рекламна кампања, со која на секој клиент кој потрошил минимум 2000 долари, му дава пушка на подарок. Рекламната кампања на продавницата „Jewelry By Harold“ се одвива под слоганот „ Купи дијамант за неа-земи си ловџиска пушка гратис“ Пучката која се добива е од марката „Remington 870“ и ја добива секој клиент, штом купи накит за над 1999 долари. „Доаѓа сезоната за лов, па решивме дека мора да направиме нешто за да ги привлечеме и оние клиенти кои сакаат да ловат елени наместо да купуваат дијаманти", вели сопственикот на продавницата за накит Харолд Ван Бек. „Покрај другото, нашата кампања ќе помогне и за зајакнување на љубовта во Ајова, а можеби и за зголемување на бројот на браковите. Прстенот со дијамант е најдоброто нешто со кое можеш да ја придобиеш една жена", тврди Бек.

Можеби ќе ве интересира

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите

„МЕ ОПЕРИРАШЕ ВРВНА ДОКТОРКА, ПАЦИЕНТИТЕ ОД КОЧАНИ ГИ ЧУВААТ КАКО КАПКА НА ДЛАНКА“ - Весна Петрушевска направи реконструктивна операција, ова се деталите