20 Мај, 2024
0.0285

Со милиони садници ќе бидат обновени „белите дробови“ на Македонија

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Милиони садници ќе бидат засадени на местата кои во август годинава беа зафатени со пожари.

При планирањето на активностите за пошумување на опожарените површини ќе бидат вклучени домашни и странски експерти бидејќи тоа е најважниот дел за добивање на квалитетни насади кои ќе имаат мултифункционално значење, велат од ЈП „Национални шуми“.

Се прават подготовки на терен со цел оголените површини да бидат засадени со нови садници. Настрадаа шуми во повеќе краеви на Македонија, но најкритично беше во Малешевијата каде огнената стихија проголта огромни површини борова шума. Пеплосани се дрвја близу беровските села, но и на потегот меѓу Пехчево и Делчево.

„Стручните лица од ЈП„Национални шуми“ веќе се на терен и ги вршат првичните проценки за вкупната опожарена површина, разграничување на сопственоста на парцелите (бидејќи во опожарената површина има и приватни шуми), планирање за отпочнување на активностите за расчистување на опожарената дрвна маса.  При одредување на дрвните видови за пошумување на опожарените површини предност ќе се даде на автохтоните лисјарски видови со цел во иднина да се намали опасноста од појавување на пожари од вакви размери.  Пошумувањето ќе го вршиме под надзор на стручни лица. При пошумувањето приоритет ќе се даде на ерозивните површини, површини во близина на населени места и водните ресурси. Сепак сите овие планови и активности ќе зависат од расчистувањето на теренот и од сопственичката структура на опожарените површини. Во секој случај наша цел е пошумување на целата површина која беше зафатена со пожарите за што планираме сериозни активности во наредниот период. Планирана е соработка и со сопствениците на приватни шуми да се вклучат во целиот процес со цел заеднички да го обновиме овој наш важен природен ресурс“, велат од ЈП „Национални шуми“.

Изгореа и стогодишни дрвја, а за обнова на шумите како што претходно кажаа експертите, ќе бидат потребни најмалку 50 години. Од пожарите до 15 август годинава биле зафатени вкупно 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција