09 Октомври, 2024
0.0322

СО НЕГО ПРЕВЕЗУВАЛЕ ВОЈНИЦИ, ТЕНКОВИ, ТРАНСПОРТЕРИ: Украина уништи руски брод долг 112 метри

Објавено во: Свет 26 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Украина уништи уште еден руски брод. Од погодениот руски брод не остана ништо, само парчиња метал. 

Ноќеска  украинските воздухопловни сили го разнесоа големиот десантен брод „Новочеркаск“ во пристаништето Феодосија на Крим. Нападот е извршен со крстосувачки проектили и предизвикал детонација од таква моќност што биле искршени прозорците на станбените згради, а остатоците од бродот биле расфрлани низ градот на оддалеченост од повеќе од половина километар. Руското Министерство за одбрана го потврди нападот, велејќи дека бродот „е оштетен“. Според него, шефот на државата Владимир Путин добил информации за „штетата“ на „Новочеркаск“.

Практично ништо не останало од големото пловило од 112 метри. Големиот брод освен за трупи бил наменет и за превоз на околни возила – тенкови и транспортери.

Изграден во бродоградилиште во Гдањск и пуштен во употреба во 1987 година, „Новочеркаск“ стана четвртиот голем десантен брод што Русија го загуби во Црното Море од почетокот на војната. 

Украина деновиве соопшти дека урнала три руски авиони.  Украина со дронови претходно уништи повеќе руски бродови.  Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, ја демантираше информацијата што ја изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела дека воената команда побарала мобилизација на половина милион луѓе. Вели  дека е формиран одреден број потребен персонал за следната година.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ЕВЕ ШТО КОРИСТАТ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ВОЈНИЦИ: Од конзоли за играње игри до бојното поле

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан