Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“
Објавено во: Интервјуа 18 Април, 2024
НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“, станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативините проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.
Ова е проект за поздрав, посебно што веќе четврта година НЛБ успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.
Затоа, со Рамката за помош, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето. Односно се избраа 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.
Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.
Еден од финалистите е Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“ од Струга кој го организира проектот „Знак за инклузијата: Подигање на свеста за подобрување на комуникацијата со глувите лица" кој има за цел да ја подигне свеста за комуникацијата со глувите лица и значењето на знаковниот јазик, преку обучување на лица за знаковен јазик.
Но, би сакале да ја слушнеме приказната за Центарот изворно од ваша страна, кој е главниот фокус и на што сте горди кога ќе ги погледнете последните 40 години труд и посветена работа.
Анита Гаговска, извршен директор во Порака Нова:
- „Порака Нова“ е примарно основана како здружение за поддршка на лицата со интелектуална попреченост. Во далечната 1984-та година, родителите на лица со попреченост од Струга, кои имале потреба од поддршка и здружување на силите за да си помогнат меѓусебно, го формирале здружението. Во 2005-та година за прв пат во Струга се отвори дневен центар како форма на социјална услуга, па потоа се нижеа и други услуги од типот на групи за семејна поддршка, рекреативен центар, обуки и подготовка за самостојно живеење, посредување при вработување, и други услуги. Многу сме горди на бројката на вработени лица со попреченост во Струга; преку нашето посредување и соработка со локалните компании, успеавме да ги вработиме сите работоспособни лица со попреченост, па дури и неколку лица беа вработени и во нашата организација, од кои моментално е само еден.
Како што се зголемуваше обемот на работа и проектите, така се зголемуваше и тимот, а пред 3 години отворивме канцеларија и во Битола. Така, со тек на време, се прошири и дејноста во која делуваме, од само работа со лица со попреченост, започнавме да работиме и со други маргинализирани групи, како што се стари и изнемоштени лица, лица со други типови на попреченост, лица кои се зависни од грижата од трето лице, лица кои се подложни на сиромаштија, така што заклучивме дека е време за трансформација на постоечките програми. Моментално во „Порака Нова“ се базираме на три главни столбови во работењето, од кои главниот е социјална инклузија, каде се опфатени сите маргинализирани групи, и со кои работиме на промоција на различностите, еднаквост и недискриминација, а во исто време обезбедување на социјални услуги и социјална правда. Со тек на време заклучивме дека традиционалните начини на остварување на овој столб не се доволни, бидејќи живееме во модерно време на дигитализација и нови технологии, и нужно е организациите да подлежат на дигитална трансформација, и да ги искористат можностите кои социјалните иновации и социјалното претприемништво им ги нудат. Од тука, одлучивме вториот столб да ни биде социјална иновација. Преку него имаме голем број на проекти на локално, национално и интернационално ниво, кои ги поттикнуваат луѓето да придонесуваат во креирање на нови современи можности за маргинализираните групи на граѓани, но преку социјални иновации. Имаме бројни проекти, меѓу кои СИНет (Мрежа за социјална иновација) кој иницираше организации и локални самоуправи од Европа да размислуваат проактивно и преку иновации да ги решаваат горливите проблеми на граѓаните. Проектот „мПренеур“ е интерконтинентален проект, кој вклучува организации и млади луѓе од три континенти (Европа, Азија и Африка), кои создадоа шестнаесет мобилни апликации за да решат одредени општествени предизвици. Последниот столб се младите, кои ги обучуваме и ангажираме да прават значајни општествени промени преку другите два столба, социјална инклузија и социјална иновација, имајќи во предвид дека тие се новите генерации на кои им го оставаме светот во кој живееме.
Ова се само дел од активностите кои „Порака Нова“ во изминативе 40 години ги спроведува и со кои цели да остави печат за социјална правда. Повеќе информации читателите можат да добијат на нашата веб страна https://porakanova.org/projects/.
2. 40-годишен јубилеј е сериозна бројка, колку се чувствувате видливи и препознаени во вашата средина, дали услугите и поддршката која ја нудите е сконцентрирана на ниво на Струга и регионот или подеднакво успешно оперирате на ниво на целата држава?
Анита: - „Порака Нова“ е посветена на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии. Нашето влијание е опсежно и преку нашите активности кои се дел од проектите кои успешно ги реализираме сме широко препознаени, прифатени и она што е важно да се напомене, барани. Во последните години работа и труд, веќе самите организации и институции ни приоѓаат и со помош на нашата експертиза заедно делуваме на одреден проблем или бараме заеднички решенија. Па така ни излезе во пресрет повикот на НЛБ „Рамката за помош“, во која видовме потенцијал за да ја оствариме нашата цел, односно заедно да им го олесниме секојдневието на глувите лица. Муабетите со Мартин долго време ги дискутираме, анализираме и некако повикот ни дојде во вистинско време, ни овозможи да ја доразвиеме идејата, а веќе размислуваме и надвор од нејзините граници, како да ја подобриме, рашириме и да ја доизградиме, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција.
- Со мојата девојка Радмила Периќ, исто така лице со оштетен слух, сме сопственици на „02МР - кафе бар", првото знаковно кафуле кое прерасна во пицерија „Улаф сте". Тука може да пробате вкусно кафе и оригинална италијанска пица наполитана, бидејќи и двајцата сме сертифицирани пица мајстори. Ја поддржувам активноста на организацијата „Млад знак" и од срце ги поздравувам иницијативите како оваа. Се соочуваме со препреки секој ден. Отежната е комуникацијата во контакт со институции, банка, полиција, суд. Да се разбереме со здравствени работници, во аптека, на работно место. За информации од медиумите. Во контакти со роднини, пријатели, колеги. При набавка, онлајн купување, резервации. Да „слушнам" што се кажува на седници, состаноци итн. Досега бев во контакт со многу луѓе и учествував во проекти кои што имаат за цел да помогнат на глувите лица. Се запознавме и со членовите на „Порака Нова". Тие сакаа да ги слушнат нашите идеи како да се расчистат предизвиците со кои секојдневно се соочуваме. Така ја почнавме оваа убава соработка за креирање на проект за обука на знаковни толкувачи во Македонија. Предизвик ни е да најдеме толкувач кој е достапен, слободен. Не сум сигурен која е точната бројка на глуви лица на кои им треба толкувач. Еве да речеме дека се шест илјади како што кажува Сојузот на глувите, тогаш мислам би требало да има најмалку три-четири илјади толкувачи.
Мартина Дурљанова, програмски координатор на сектор социјална инклузија:
- Нашата работа ни налага константно да бараме, а често и да креираме нови решенија за предизвиците со кои сме опкружени. Несебично се втурнуваме во тунелите од предизвици не знаејќи што не очекува од другата страна, но искуството не научи дека секогаш ќе има нови искушенија, но тоа не е она што не спречува, туку напротив, не мотивира и не турка неуморно да се бориме. Убаво е кога знаеме дека не сме сами во таа борба и дека има луѓе кои ни веруваат, ни ги раскажуваат нивните проблеми, а ние од тоа градиме идеја, која полека преминува во приказна за на крај да се претопи во проект кој за среќа во овој случај излезе од канџите на хартијата. Од моментот кога разговаравме со Мартин, не само за идејата дека има потреба од поголем број на луѓе да го разберат знаковниот јазик, не само професионалците на знаковен јазик од кои зависи, туку тој сака да се разбере со оние обичните, секојдневните луѓе, со кои се сретнува на улица, со кои го пие кафето во својот кафуле, со кои сака да си размени убава мисла, за тоа каков е денот, како го поминува времето, што е неговото хоби, што сака или што го нервира...тие приказни Мартин никогаш не ги дознал, никој не му ги пренел...па така често муабетите остануваат недокажани, често скратени, на брзина пренесени со два три збора, каде што фалат многу важни информации. Но свесен е дека знаковниот јазик одзема време, бара трпение а луѓето се помалку го имаат и така секој се трга настрана. Од тој момент сфатив дека мора да најдеме начин како да ја пренесеме приказната, како да го отвориме патот кон нови пријателства, дека секој еден заслужува да се искажи, да се пофали или пожали, дека треба да е разбран, заслужува совет, поддршка, поттик, убав збор. Па така како гладни риби, веднаш се фативме на повикот „Рамка за поддршка“ од НЛБ, која се надеваме дека ќе ни го олесни патот кон наоѓањето на нови решенија за да ја подобриме комуникацијата со глувите лица, да се збогатиме со уште еден јазик и да сме слободни да разговараме помеѓу себе.
3. Во рамки на проектот НЛБ Рамка за помош бевте избрани за еден од десетте финалисти. За оние кои не се упатени станува збор за проект на НЛБ Банка чија цел е да се поддржат бизнис идеите и иновативните проекти кои работат за доброто на луѓето, го подобруваат и збогатуваат нашето општество и решаваат предизвици. Со каков проект им ги освоивте срцата кога конкуриравте?
Анита: - Многу сме благодарни и среќни за тоа што нашата идеја не донесе во потесниот круг на финалисти. Нашиот проект за обука на знаковни толкувачи во Македонија, има за цел за подобрена инклузија на глувите лица во заедницата, преку подобрување на комуникацијата, односно подигнување на свеста за потребите од знаковниот јазик. Проектот не само што овозможува запознавање и учење на знаковен јазик, туку и создава инклузивна заедница каде активно се вклучени и поддржани глувите лица. Нашиот проект има потенцијал да создаде трајни промени во заедницата и може да послужи како позитивен пример за останатите организации, институции и индивидуи кои се стремат кон подобрување на инклузијата на глувите лица. Иницијатор на овој проект е Мартин Ангелов, лице со оштетен слух и говор, прептприемач и застапник за правата на лицата со оштетен слух. Тој пристапи до тимот на Порака Нова со својата идеја за обучување на нови толкувачи на знаковен јазик, кои би им биле од помош на глувите лица во Македонија.
Мартин: -До сега бев во контакт со многу луѓе и учествував во проекти кои што имаа за цел да помогнат на глувите лица. Се запознавме и со членовите на „Порака Нова". Тие сакаа да ги слушнат нашите идеи како да се расчистат предизвиците со кои секојдневно се соочуваме. Така ја почнавме оваа убава соработка.
4. Што велат вашите искуства и сознанија за глувонемите лица и нивната инклузија во рамки на нашето општество. Со какви предизвици тие се соочуваат и на кој начин можеме да ја подобриме сликата? Дали Вашиот проект нуди конкретни решенија и кои се очекувањата?
Анита: - Според нашето досегашно искуство, глувите лица се соочуваат со многу предизвици посебно во пристапот во услугите и информациите од кои имаат потреба. Најтешкиот дел е при обавување на основните дневни активности, како што се купување (продавница или аптека) користење на банкарски услуги или интеракција во разни институции, како пошта, општина, од кои често имаат потреба. Па така доколку немаат личен асистент, односно лице (фамилија, познаник) кој добро го владее знаковниот јазик, тие не можат да ги задоволат своите потреби, а со тоа им се ускратуваат многу права. Иницијативата на овој проект е резултат на искуствата и потребите на глувите лица, а самата основа е поставена од страна на глуво лице, Мартин Ангелов кое со своите лични проблеми ни ја долови перцепцијата за секојдневните препреки со кои се соочуваат. Нашата меѓусебна комуникација е секогаш со помош на толкувач без кој не би можеле да го доловиме проблемот што Мартин ни го објаснуваше, а тоа значи дека потребни се поголем број на луѓе кои ќе го разберат знаковниот јазик, кои ќе можат да ја разберат пораката на глувите лица, кои би можеле да ги разберат нивните потреби, проблеми, па и секојдневни убави случувања кои би сакале да ги споделат а остануваат недокажани поради јазичната бариера. Токму на овој предизвик одговара нашиот проект, да обучиме што повеќе луѓе кои ќе го разберат знаковниот јазик и со помош на професионални толкувачи и глуви лица да почнат постепено да го користат. Полека да ги мотивираме останатите граѓани да земат активно учество во инклузијата на глувите лица, со тоа што ќе се надоградуваат и себеси а ќе ја надоградуваат и средината со повеќе можности.
Мартин: -Се соочуваме со препреки секој ден. Отежната е комуникацијата во контакт со институции, банка, полиција, суд. Тешко ни е да се разбереме и со здравствени работници, во аптека, на работното место. Во контакти со роднини, пријатели, колеги имаме отежната комуникација. При набавка, онлајн купување, резервации, за добивање информации од медиумите... Исто така би сакал и да "слушнам" што се кажува на седници, состаноци, но ја немам секогаш таа можност.
5. Според официјалните податоци во нашата земја има само 35 сертифицирани толкувачи на знаковен јазик, а околу 6000 регистрирани лица со оштетен слух. Дефинитивно податок кој од самиот почеток наговестува сериозна дискрепанца во однос на реалната потреба и понудата на пазарот. Која е вашата проценка, колкав број е доволен за да се задоволат потребите на сите 6000 регистрирани лица?
Анита: - Овој поразувачки недостаток се одразува на секојдневниот живот на глувите лица, кои се соочуваат со значителни пречки во пристапот до информации и услуги. Потребата од зголемување на бројот на толкувачи на знаковен јазик и подобрување на условите за живот на глувите и лица во Македонија е многу неопходна и мора да се најдат брзи решенија. Тука треба да се одговори - колкав број е доволен за да се задоволат потребите на сите 6000 регистрирани лица? Што мисли Мартин?
Мартин: -Предизвик ни е да најдеме толкувач кој е достапен, слободен Не сум сигурен која е точната бројка на глуви лица на кои им треба толкувач. Еве да речеме дека се шест илјади како што кажува Сојузот на глувите, тогаш мислам би требало да има најмалку три-четири илјади толкувачи.
6. Дали и колку нашето општество е сензибилизирано на оваа тема, што вие како центар правите за да се популаризира изучувањето на знаковниот јазик и инклузија на луѓето со овој тип на инвалидитет.
Анита: - Сметаме дека нашето општество има уште многу да учи, да прифаќа, да се труди да разбира различности за да стане сензибилизирано, и не само на оваа тема туку и на други теми и проблеми кои ги засегаат сите лицата со попреченост. Нашиот проект го има клучниот чекор кон креирање на подобра реалност за интеграција на глувите лица во локалната заедница, односно преку обуки за знаковен јазик да создаде еден поинаков и иновативен пристап за поддршка на глувите лица. Обуките ќе бидат реализирани од два професионални предавачи на знаковен јазик поддржани и надополнети од други толкувачи на знаковен јазик кои ќе го помогнат процесот на учење на знаковниот јазик. Покрај обуките ќе има и практичен дел поддржан токму од глувите лица кои директно ќе бидат вклучени во создавањето на инклузивниот процес. Ова е само еден мал чекор кон подобрување на инклузијата на глувите лица, но доволно за да не поттикне и мотивира за да продолжиме понатаму.
Елизабета Георгиева, знаковен толкувач од Битола: - Во Битола има повеќе од 80 глуви лица кои го користат знаковниот јазик кои лично ги познавам. Тие за себе и за потребите на нивното семејство секојдневно зависат од толкувач. Толкувањето кое го вршат лица кои се блиски со глувите и оние кои сакаат да помогнат често не е земено во обѕир, а го завршува поголемиот дел од работа.
Викторија Волак, знаковен толкувач од Скопје: - Како толкувач стојам на располагање. Сакам да излезам во пресрет на потребите на глувите лица. Но, тоа секогаш не е можно. Потребата за толкување често е итна, алармантна и тревожна ситуација. Треба да се земе предвид и тоа како се чувствува толкувачот во таква, итна потреба за толкување. И ние сме луѓе и нас емоционално и стресно ни влијаат ситуациите во кои сме се нашле. Моментот на потреба од толкување ретко кога може да се планира однапред. Згора на тоа, нема платена професија толкувач на знаковен јазик. За лична егзистенција имам друга работа која го ограничува времето кое би можела да го посветам на потребите на глувите лица.
7. Какви се Вашите идни планови со кои би придонесувале за подобро општество, особено за лицата со попреченост и нивните фамилии?
Анита: - Нашите идни планови вклучуваат продолжување на нашата работа за подобрување на условите за лицата со попреченост и нивните фамилии. Во план сме да развиеме нови проекти и програми кои ќе ги поддржат овие лица и ќе им го олеснат начинот на живот. Оваа идеја за толкувачи не донесе до развивање на мобилна апликација наменета за глуви лица, која преку вештачка интелигенција би им помогнала на глувите лица во Македонија да се осамостојат во комуникацијата, и да не се премногу зависни од толкувач. Ова планираме да го изведиме во наредните две години, во соработка со универзитети и приватни фирми од Македонија.
Генерално за функционирањето на „Порака Нова“, во фаза сме на трансформација на организацијата, со цел понасочено и поструктурирано работење. Формирањето на социјални претпријатија во рамки на самата организација ќе ни обезбеди одржливост, но и можност за поквалитетни услуги и решенија кои би имале социјален импакт. Дел од активностите кои се планирани се позасилено вклучување на дигитализација и социјални иновации, обучување и интегрирање на младите како застапници за правата на маргинализираните групи, и како носители на иновации од општествено значење. Мрежата на соработници се шири, не само на национално туку и на интернационално ниво, така што искуствата кои ги развиваме со нив, ги пренесуваме во земјава. Најсреќни би биле доколку дојдеме на ниво да бидеме авторитет во креирање на социјални иновации кои ќе ја овозможуваат социјалната инклузија во државава, не само на традиционален начин, како досега, туку на малку видоизменет начин, во тек со современите трендови.
*Д.К.И.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.