01 Септември, 2024
0.0300

Со нова патека и плажа Јанакиески очекува раст на бројот на туристи во Дојран

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Со двете нови инвестиции што треба да се реализираат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески очекува зголемување на бројот на туристи во Дојран. Кон почетокот на идниот месец, се очекува да започнат градежните работи  на патеката што ќе ги поврзува Стар и Нов Дојран, а во текот на следната недела ќе се одржи и јавна аукција за плажата во Дојран. - Се работи за патека над два километри со што целосно ќе се поврзат  Нов и Стар Дојран и тоа ќе биде една дополнителна атракција за голем број туристи, чиј број се зголемува од година во година. Очекувам во март да започнат градежните работи и најдоцна до крајот на годинава целосно да биде изградена таа патека, која е продлжение на постоечката, изјави Јанакиески. Во однос на плажите, нагласи, дека во текот на следната недела ќе има јавна аукција и очекува до крајот на февруари да биде склучен договор за концесија за плажата од 600 метри. - Плажата ќе биде автентична, онака како што граѓаните ја избраа на јавниот повик. Современа плажа, со пристап, паркинг, тоалети, шанкови,  чадори, односно ќе го има сето она што граѓаните го избраа, истакна Јанакиески.

Можеби ќе ве интересира

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ИСЧЕЗНА МОМЧЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Полицијата трага по него

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ЦУК: Хеликоптер e пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати