06 Декември, 2025
0.0265

Со парични награди за сите и бонуси за 24 најдобри вработени, Бучим го одбележа Денот на македонските рудари

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2025 10:58

Добивај вести на Viber

По повод празникот, компанијата ќе донира 40.000 евра за дигитализација на рендген машината во Здравствениот дом во Радовиш

Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,  соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, посветеноста и истрајноста на рударите.

Во своето обраќање, заменик генералниот директор на Бучим и Боров Дол, г-дин Ивица Карапетров, нагласи: „Со претстојното припојување на Боров Дол кон Бучим започнуваме ново поглавје во македонското рударство. Градиме стабилна и одржлива компанија која не е насочена единствено кон производството, туку и кон луѓето – вработените и заедницата. Се залагаме за создавање на средина во која секој вработен ќе работи безбедно, ќе има можност за професионален развој и ќе придонесува кон трајна вредност за идните генерации.“


Во чест на празникот, Бучим ќе донира 40.000 евра на Здравствениот дом во Радовиш за целосна дигитализација на рендген машината. Со оваа донација ќе се овозможи побрза и поефикасна здравствена услуга, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот за локалната заедница.

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за својот придонес во успехот, а 24 најуспешни беа одликувани со дополнителни бонуси како признание за нивните извонредни резултати, труд и посветеност. Наградите и признанијата се дел од стратегијата на „Бучим“ за вреднување на човечкиот капитал како најважен ресурс во рударството.

Радовиш и Бучим секоја година на 28 август потсетуваат на историскиот Штрајк на рударите во Лојане во 1929 година – чин што остави длабока трага во борбата за достоинство и работнички права, и кој претставува вечен потсетник дека рударството е дел од идентитетот и културното наследство на македонскиот народ.

Вчерашната прослава беше заокружена со концерт на групите „Нокаут“ и „Дивље Јагоде“ во центарот на Радовиш, со што празникот доби и културна димензија, обединувајќи ја заедницата во духот на почит и благодарност кон рударите.


ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј