20 Декември, 2025
0.0550

Со партиципација од 150 денари на преглед за откривање машки стерилитет

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2013 22:03

Добивај вести на Viber

За партиципацијата од само 150 денари, мажите ќе може да вршат прегледи во првиот Андролошки кабинет во Македонија за откривање машки стерилитет кој денеска беше отворен во скопската Поликлиника Букурешт. Новиот кабинет, смета директорката на Здравствен дом-Скопје Тања Баевска Вучковиќ, ќе помогне во навремена и ефикасна дијагностика. Ако досега матичниот лекар го упатуваше пациентот кај интернист, интернистот на уролог, а тој на пак на гинекологија, процедурите сега ќе бидат поедноставни, појасни министерот за здравство Никола Тодоров. „Сега имаме многу поедноставена процедура-матичниот лекар директно ги упатува пациентите во андролошкиот кабинет во Поликлиниката Букурешт. Многу се скратува патот на пациентите и се забрзува дијагностиката која е од големо значење потоа или за лекување или за применување на други медицински методи како што е ин витро фертилизацијата. Се скратува времето, но и малтретирањето на пациентите“, изјави  Тодоро кој беше присутен на отворањето на кабинетот. Претходно, посочи министерот, за оваа услуга во приватни установи,  кога во Здравствениот дом и на секундарно ниво не постоеше ваква дејност, пациентите плаќале по 1.200 денари. Според биохемичарката Светлана Пандиловска, максимум дневно може да се сработат четири до пет пациенти затоа што навистина има долг процес на испитување. „Младите сами доаѓаат и сакаат да видат каква е нивната плодност“, додава таа, а како најчестите причини за машкиот стерилитет ги наведе бурниот начин на живот, немањето физичка активност, лошата исхрана, алкохолот и цигарите.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии