05 Декември, 2025
0.1141

Со подземна сообраќајница ќе се решава хаосот во Маџар маало и Крњево

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2013 12:54

Добивај вести на Viber

Со донесувањето на Генералниот урбанистички план (ГУП) и одлуката улицата Крушевска република наместо надземна да стане подземна сообраќајница, ќе се надмине  долгогодишниот проблем  за  урбанизацијата  на неселните места Ново маало, Маџар маало и  Крњево, истакна градоначалникот  на на Град Скопје, Коце Трајановски , кој заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ ги  ги презентираа можностите за изградба на населбите Ново маало, Маџар маало и  Крњево а  чии жители  по долги години ќе можат да ги легализираат своите градби и да ги доградуваат. Подземната сообраќајница треба да го поврзува булеварот „Македонија“ со булеварот „Александар Македонски“. „Утврдивме дека најдобрата можност за да можат  граѓаните во иднина да ги легализираат своите градби е Крушевска република да биде подземна  сообраќајница. За таа цел Градот Скопје по донесувањето на ГУП-от ќе направи сообраќајна студија која ќе  ја изготви Градежниот факултет. Со неа ќе се одреди нивото до коешто ќе биде спуштена сообраќајницата, како и нејзината ширина“, рече Трајановски. По изготвување на студијата ќе се овозможи  Општина Центар да направи детални урбанистички планови за тој дел од Скопје и со тоа  да се реши  догогодишниот проблем на граѓаните кои беа во голема неизвесност бидејќи не им се дозволуваше да доградуваат, не се правеа детални урбанистички планови и не се градеше сообраќајницата. „Практично не знаеја кога ќе биде решен нивниот пробелем. Сега на некој начин веќе имаат извесност кога ќе биде решено тоа. Само треба да се донесат деталните урбанистички планови и после тоа да се добијат дозволи за градба согласно маркиците кои ќе бидат предвидени“, изјави градоначалникот на Скопје. Градоначалникот на Центар најави дека Општината за побрза реализација на плановите целиот процес ќе ангажира консултант. „Крушевска  република која одеше надземно, сега ќе оди подземно со можност на локациите на кои  поминуваше да се претворат во градби според деталниот план. Тоа ќе го поправиме и дополниме во деталните  планови, а Општина Центар за да дојде до брза реализација на овој план ќе ангажира консултант кој ќе има исклучива задача да ги информира граѓаните, да ги советува и да им дава упатства како  побрзо да дојдат до реализација на своите планови односно изградба на свои парцели“, информира градоначалникот Тодоровиќ  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип