19 Декември, 2025
0.0673

Со поголеми субвенции до повеќе странски туристи и нискобуџетни летови

Објавено во: Економија 05 Април, 2013 12:43

Добивај вести на Viber

Тур-операторите и туристичките агенции годинава ќе добијат уште поголема поддршка за привлекување странски гости. Обезбедени се вкупно 60 милиони денари, освен за престој на туристи од БЕНЕЛУКС, и за посетители од уште девет нови држави, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединети Арапски Емирати и Јапонија. Како што соопшти денеска министерот за економија Ваљон Сараќини, од 2014 година субвенциите ќе важат и за туристите од Кина и Индија, а од 2015 и за Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија. - Вкупно 663.633 туристи, од кои преку половина странски, односно околу 20.000 повеќе од 2011 и 80.000 повеќе од 2010 година, се ефектите од субвенционирањето на организираниот странски промет и поддршката за нискобуџетните летови. Евидентен пораст се забележува особено кај странските туристи безмалку за 100.000 во однос на 2010 и за 30.000 во споредба со 2011 година, истакна министерот. Минатата година се остварени 122,3 милиони долари девизен прилив благодарение на туризмот, а во 2011 е забележан суфицит од 127 милиони долари. Сараќини информира дека зголемување ќе има и на субвенциите за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај за домашните и странските превозници. За оваа намена годинава се проектирани 86 милиони денари, а за 2014 - 135 милиони. - Придобивките од овој вид субвенции се веќе познати, преку Визер лани се отворени шест нови линии, а годинава и дополнителни две, посочи министерот за економија. Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков потсети дека престојот на гостите во Македонија мора да биде со најмалку три ноќевања и појадок во некои од угостителските објекти. - Организаторите за да добијат субвенции до Агенцијата мора да достават копии од договорите со превозниците (автобуски, авионски или железнички), копии од сметките и податоци за бројот на гостите. Потребно е да се достават и документи за договорот за закуп за сместување на туристите, рече Трајков. Роковите за аплицирање за сите видови барања од 1 јануари до 30 септември тековната година се 60 дена од заминувањето на групата и 30 дена од заминувањето на групата за сите видови барања од 1 октомври до 31 декември тековната година.  

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра