Добивај вести на Viber
Со прислушкување во Албанија, фатени 593 криминалци кои се занимавале со шверц на дрога, оружје, корупција и други нелегални работи.
Во Албанија лани биле прислушувани повеќе од 4.000 граѓани. Информацијата ја пренесуваат албанските медиуми кои пишуваат дека по барање на Јавното обвинителство, судските органи донеле одлука за прислушување на 1.445 албански државјани, но надлежните полициски институции преслушале 4.099 лица.
Весникот „Дита“, овие информации ги поткрепува со Извештај на Јавното обвинителство, но и на блиски избори на надлежните албански институции.