Со ракотворби сакаат да се позиционираат на светскиот пазар
Објавено во: Балкан, Економија 05 Септември, 2016 09:53
Слободанка, Иванка, Снежана и Беба се жени кои му пркосат на балканскиот стереотип дека во зрели години им требате само на најблиските и во 2007 година го основаа здружението Изворје во Белград.
Тие и денес заедно работат во ткајачка работилница, креираат модели, учествуваат на изложби и се борат за работата што ја сакаат. Сите имаат различна причина зошто се занимаваат со оваа работа, но нема да се откажат и сакаат да се појават на светскиот интернет пазар за да нивните производи бидат достапни за луѓето од целиот свет.
Слободанка Салзберг Ивковиќ вели дека по пензионирањето во 2002 година не сакала деновите да ги поминува дома во гледање телевизија и пиење кафе со сосетките. Сакала да биде активна и една пријателка и предложила да одат на курс по ткаење.
Снежана Ладолеж во 2004 година ја напуштила работата во железница за да се занимава со ткаење. Таа вели дека од оваа работа може да се живее затоа што рачните изработки се скапи.
Иванка Видојевиќ со оваа работа се занимава од 1981 година. Ткаење научила во Норвешка каде се школувала со помош на стипендија. Вели дека сака да работи за себе, а не 12 часа дневно да работи за друг во фирма и така ги советува и своите деца.
Беба Суботиќ има 55 години и порано живеела во Сараево, а сега е во Белград. Тука открила дека има уметнички талент. Вели дека од оваа работа не може многу да заработи, но е задоволна и работата ја исполнува.
Кога е основано Изворје имало четири жени, а сега во работилницата има 10 жени и секоја од нив е приказна за себе.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација





