19 Јануари, 2025
0.0278

Со три системи на УБК следени новинари, бизнисмени, политичари

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Лица од УБК преку три системи незаконски следеле комунации, соопшти Специјалното јавно обвинителство кое денеска отвори нова истрага насловена како „Таргет“.

Обвинителката Фатиме Фетаи вели дека основно што мора да одговорат е кој, како и на кој начин вршел прислушување.

Таа изјави дека постои основано сомнение дека повеќе осомничени искористувајќи ја службената положба ги повредиле основните човекови права со прислушувањето. Доказите упатуваат дека со системите за следење на комуникациите од 2008 до 2015 година се следени над 4286 телефонски броеви, за кои немало судски наредби за нивно следење.  Следена е комуникација и на броеви пред  да биде издадена судска наредба, но и потоа.  Најмалку 5827 телефонски броеви се следени на ваков начин.

„Утврдивме дека во употреба биле 3 различни системи за следење на комуникациите. Зависно кој систем бил во употреба биле преземени различни дејства на изршување. Доказниот материјал упатува на тоа дека во текот на 2008 година тројца лица на раководни позиции, давале налози и самите внесувале телефонски броеви за кои немало судски наредби. Преку првиот систем во УБК од  1.1.2008 до 30.11.2008 без судска наредба биле следени комуникациите на најмалку 229 телефонски броеви“ – рече Фетаи.

Вториот систем бил во употреба од  1.12.2008 до 2015 и се следени над 3000 броеви и 1268 телефонски броеви надвор од судските наредби.

Преку третиот систем е следена комуанција на најмалку 401 телефонски број и 252 телефонски броеви надвор од периодот наведен во судските наредби.

Следени се новинари, бизнисмени.  Следени се Горан Михајловски, Борјан Јовановски, Мери Јордановска, Зоран Верушевски, Соња Верушевска  и други.

Фетаи кажа дека лице од УБК материјалите ги дало на друго лице, по што тие му се предадени на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Јавно кажувам дека никој нема да ме обесхраби и нема да влијае врз исполнување на оваа обврска. Повторувам дека се чувствувам слободна бидејќи  на моја страна се Уставот, законите и поддршката од јавноста. Никој нема да биде заборавен во борбата што ја водам против беззаконието. Криминалците мора да застанат пред судот на правдата“ – изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Новата истрага се отвара по повеќе месечна работа на тимот на СЈО.

Ова е девета по ред истрага на СЈО.


Можеби ќе ве интересира

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија

НЕ ДОЧЕКА ДА СИ ГО ВИДИ ДЕТЕТО: Таткото на починатиот Алекс вели дека на момчето му се влошила состојбата по примената инфузија