05 Декември, 2025
0.0335

Со тунел под Андите ќе се забрзува светската трговска размена

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2012 13:50

Добивај вести на Viber

Јужноамериканските инженери, со помош на своите колеги од Јапонија и Италија ќе го изградат најдолгиот синџир од тунели меѓу двата американски континенти, кои треба да помогнат при олеснување на трговијата преку Андите и да ги поврзат атланскиот со пацифичкиот брег на Јужна Америка, пренесува новинската агенција АП. Проектот е наречен „Коридорот Аконкагуа меѓу два океани". Името е земено од планината која минува по границата на Аргентина со Чиле, а на неа се наоѓа највисокиот врв на двете Америка - Аконкагуа, висок 6981 метри. Сега на Андите има премин кој се наоѓа на 3200 метри надморска височина, но тој со недели, а понекогаш и месеци е блокиран од снегот, па камионите не можат да возат во овој дел на планините со температури од минус 25 степени. Освен тоа Бразил воопшто нема пристап до пацифичките пристаништа, бидејќи автопат завршува пред планинските вериги. Сега сојата, виното и месото од Аргентина, наменети за Кина, како и азиската електроника за Бразил, треба да се транспортираат со бродови и да го заобиколат најјужниот дел Јужна Америка, што го продолжува патот со 3000 наутички милји и трае уште една дополнителна недела. Проектот за тунели низ Андите, кој треба да се реализира до 2017-та,  ќе го скрати растојанието, времето и цената на транспорт на стоки и ќе биде драгоцена врска помеѓу јужноамериканските атлантски и тихоокеанските пристаништа. Експертите проценуваат дека по завршување на проектот ќе биде скратен патот меѓу аргентинската провинција Мендоса и главниот град на Чиле, Сантијаго од 12 на 2,5 часа, а цената на товарење на возилото ќе се намали од 1400 на 840 долари. Проектот е во вредност од 3.5 милијарди долари и според него треба да биде изградена железничка линија по која ќе минуваат возови, долги и до 750 метри. Линијата ќе биде долга 205 километри и ќе вклучува 52-километри двојни тунели. Проектот е планирано да се реализира за 10 години. Приматот за најголем ваков тунел во светот засега го држи оној што ги спојува јапонските острови Хоншу и Хокаидо. Сепак в 2017-та се очекува да биде пуштен тунелот Готар, кој се пробива под швајцарските Апли и ќе биде долг 57 километри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации