СОБРАНИЕТО НЕДЕЛАВА СО НАБИЕНА АГЕНДА: Ќе се гласаат реформските закони
Објавено во: Македонија 09 Април, 2018 11:39
Набиена собраниска агенда ги очекува пратениците оваа недела.
Претстојат финални чекори пред објавувањето на Извештајот за напредокот на земјата на ЕК на 17 април а од утре се интензивира агендата како на внатрешен, така и на надворешен план за добивање на што е можно попозитивен извештај којшто би содржел препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.
За утре има закажано четири собраниски седници со заостанати точки и неколку комисиски заседанија на чиј дневен ред се реформски закони.
На 34. седница е реформскиот закон за судовите, на 35-та се дополнувањата на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, во второ читање, а закажана е и 22. седница со една заостаната точка, измени и дополнувања на законот за Заштита на сведоци, по скратена постапка. Зажана е и 41. седница со неколку точки кои не се од реформскиот пакет.
Се очекува во четврток или евентуално во петок да биде закажана уште една собраниска седница на која на дневен ред ќе се најдат пакетот закони за следење на комуникациите.
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност, на која на дневен ред се предлозите на законите за следење на комуникациите и за ОТА, двата во второ читање, и измените и дополнувањата на Законот за оружјето, пред велигденските празници беше одложена за вторник, 10 април.
Ова се дел од законите за кои работните групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачкото мнозинство во Парламентот, според кажувањата на партиските лидери и официјални лица, постигнале согласност.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




