Собранието го разреши Воислав Зафировски од Антикорупциска
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2013
Собранието на Република Македонија попладнево го разреши Воислав Зафировски од Државната комисија за спречување на корупцијата. Во иницијативата се наведува дека Зафировски, во периодот кога бил претседател на Антикорупциска, ги пречекорил границите на служебното овластување со што се создале услови за негова лична одговорност.
За оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски, членови на Комисијата за верификација на факти, не се гласаше бидејќи во салата не беа присутни две третини од пратениците.