Собранието ја изгласа Резолуцијата, утврдени се македонските црвени линии
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021
Собранието едногласно ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија.
За Резолуцијата гласаа 96 пратеник, при што 95 гласаа „за“, а еден беше воздржан. Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Северна Македонија. За Резолуцијата говореше само по еден претставник на пратеничките групи.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски изјави дека со ова на македонската дипломатија и се дава алатка за сериозна заштита на македонскиот идентитет на маѓународната сцена.„Ова се нашите црвени линии преку коишто никој ниту имал, ниту ќе има мандат да премине“, кажа Муцунски.
Рече дека она што денес го направија е долг кон граѓаните и нашите предци.
Пратеникот од СДСМ, Јован Митревски рече дека за македонскиот јазик и идентитет никогаш не се преговарало, но ја поддржуваат Резолуцијата за конечно да се стави крај на лажните вести дека тие како влада тоа го правеле.
ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет.
„Благодарни сме и до политичките субјекти кои искрено, но и на оние кои помалку искрено ја поддржаа Резолуцијата“, рекоа од партијата.
Претходно имаше и коментари дека се доцни со носењето на оваа Резолуција и утврдување на црвените линии.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.