Собранието расправа за извештајот, главен економски предизвик јавниот долг!
Објавено во: Економија 29 Октомври, 2012
Корупција:
Заклучок - ОСТАНУВА ПРОБЛЕМ ЗА ДРЖАВАТА Европската комисја забележала дека, генерално, функционирањето на правниот систем се подобрува но сепак, слабости поврзани со долгите процедури, корупција и тешко спроведување на договорите продолжува да ја попречува бизнис средина. Следењето на извештаите на Државниот завод за ревизија од страна на Собранието е несоодветно а Брисел исто така нотира недостиг на владини механизми за да се остранат нерегуларноститите регистрирани во извештаите на ревизорите. Макроекономија: Заклучок – МАЛ НАПРЕДОК Има мал нов напредок во економската и монетарната политика. Монетарната политика дополнително беше подобрена, поради одлуките на Централната банка. Генерално, во областа на економската и монетарната политика, земјата е напредната. Финансии: Заклучок – УМЕРЕН НАПРЕДОК Постигнат е напредок во областа на финансиските услуги, особено кај банкарството, осигурувањето и хартиите од вредност. Останува да се постигне усогласување со клучните европски критериуми во областа на финансиската пазарна инфраструктура. Генерално, во областа на финансиските услуги, усогласување со европските криетериуми се умерено напреднати. Земјоделството: Заклучок – ЗАГРИЖУВА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАПАЦИТЕТ Постигнат е одреден напредок во областа на земјоделството и руралниот развој. Потребно е понатамошно усогласување со европските критериуми. Загрижува административниот капацитет во секторот. Севкупно, подготовките остануваат умерено напреднати. Оданочување: Заклучок - ОГРАНИЧЕН НАПРЕДОК Постигнат е ограничен напредок во областа на оданочувањето. Потребно е усогласување на националното законодавство со европските критериуми, за да се зајакне борбата против даночните измами и даночно затајување. Севкупно, подготовките во областа на оданочувањето се умерено напреднати. Енергетика: Заклучок - НЕ СЕ ДОНЕСЕНИ СИТЕ АКТИ Постигнат е одреден напредок во енергетскиот сектор, особено во донесувањето на законодавството и неговото спроведување. Сепак голем број на акти сè уште не се донесени. Целосна либерализација на електрична енергија и природен гас допрва треба да се постигне. Забележлив е напредок кај обновливите извори на енергија. Подготовките во оваа област се умерено напреднати. Транспорт : Заклучок - ПОТРЕБНО Е ПОДОБРУВАЊЕ Имаше малку нов напредок во транспортната политика. Во патниот сообраќај имаше одреден напредок во усогласување со европските критериуми, но за безбедноста на патиштата потребно е понатамошно подобрување. Железничкото законодавство треба сеуште да се усогласува со ЕУ критериумите. Севкупно, подготовките во оваа област се умерено напреднати.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.