Собраниското натегање во пауза, ВМРО-ДПМНЕ наметна тема за албанизација
Објавено во: Македонија 27 Март, 2017 14:13
Претседавачот Трајко Вељаноски реши да даде пауза од 1 час по што седницата ќе продолжи со дискусии на пратениците во врска со изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.
На седницата за збор се пријавија 57 пратеници, од кои 50 од ВМРО-ДПМНЕ. Досега десеттина пратеници минаа на собраниската говорница. На секој од нив контра реплика имаше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој зборуваше прв и рече дека претседателите на Комисијата и на Собранието треба да биде од ВМРО-ДПМНЕ, која победила на изборите на 11 декември.
Главната тема што тој ја наметна за дискусија, а на која се надоврзаа другите пратеници од неговата партија, беше да не се дозволи Македонија да стане бинационална држава.
Седницата ќе продолжи во 15 часот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




