29 Септември, 2024
0.0287

СОГРАЃАНИ И СОПАРТИЈЦИ: Ќе ги испеглаат ли Спасовски и Димитриевски ставовите за Куманово

Објавено во: Македонија 15 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владин тим денеска оди за Куманово. Точно напладне ќе почне седница на Кризниот штаб. 

Ќе ги усогласат ли своите ставови двајцата сограѓани, техничкиот премиер Оливер Спасовски и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

За овие двајца функционери, кои се и сограѓани, но и партиски колеги, во јавноста се „шушка“ дека меѓу нив има нетрпеливост.  

Сепак, денеска се очекува на седницата на Кризниот штаб недоразбирањата да се испеглаат, и да се донесе најдобро решение за овој град кој е погоден од корона вирусот.

„Ве известуваме дека денеска со почеток во 12:00 часот ќе се одржи седница на кризниот штаб во Куманово. На седницата ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче“, соопштија од Владата.

А поради зголемениот број на новорегистрирани и уште две лица кои го загубија животот во Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски на вчера прес-конференција повторно го актуелизираше барањето до Владата и Централниот кризен штаб, за 14- дневен контролиран карантин и воведување на кризна состојба на територијата на општина Куманово. Тоа практично би значело затворање на влезот и излезот на градот и дезинфекција за сите возила и лица коишто влегуваат и излегуваат.

Најалармантно е во Кумановската болница каде што има заболено 44 здравствени работници, поради што Општината бара реорганизација во нејзиното работење.

„Кризната состојба ја бараме за да се засили присуството на државните институции и органи, директно да се вклучат на територија на Општина Куманово во борба против болеста по примерот на Дебар. Сметаме дека ова е добар пример којшто може да се примени и во Куманово со цел ова болест да биде искоренета на територија на нашата општина, а воедно да не претставуваме закана и за останати општини во регионот со ширење на болеста“, вели Димитриевски

Но, според министерот за здравство Венко Филипче, засега нема потреба од 14-дневен карантин како што бараше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Како што рече Филипче, еден од критуриумите врз основа на кој се носат одлуките за дополнителни мерки е од каде потекнуваат докажаните пациенти, а поголемиот дел се од оние кои досега биле во самоизоалција.

„Еден од критериумите и информациите врз основа на која ги носиме одлуките и тоа дали треба дополнителни мерки е од каде се докажаните пациенти, дали од луѓе кои ги имаме во предвид како што ги следиме и тоа е така, како примарни контакти во автоизолација, се луѓе кај кои е дијагностицирана болеста и тоа е причина зошто не се носи поинаква одлука. Секојдневно ја пратиме ситуацијата, ако има други информации за појава на поголем број пациенти кои не можат да се поврзат со тие дијагностицирани пациенти, не се исклучува можност, но засега не“, рече Филипче.

Целосно затворениот викенд за Велигден и дополнителната мерка за забрана на јавен градски и меѓуградски превоз според министерот Филипче засега се доволни мерки.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“