Сој кој го има во Уганда е откриен во Грција
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Сој на коронавирусот кој го има во Уганда е откриен во Грција.
Ова можеби ќе значи уште едно одложување на туристичката сезона. Потврден е сојот Lineage A.23.1/Uganda кај еден пациент. Засега нема точни информации дали и колку овој пациент имал контакти со други лица, кои може да се потенцијални носители на истиот. Во Грција важи мерка на строг карантин. Британскиот сој го има во балканските земји. Тој брзо се шири во Македонија, со што околу 70 отсто од новите случаи отпаѓаат на овој сој.