Сојузот на комори преку политика на дигитализација до економска конкурентност
Објавено во: Мои пари 15 Март, 2017 12:02
Дигитализацијата го менува начинот на кој компаниите денес се развиваат, ја зголемува продуктивноста и со тоа ја унапредува нивната конкурентност на глобалниот пазар. Таа претставува основна алатка за раст и развој, како за самата компанија, така и за економијата во целина, беше истакнато на денешната пресконференција на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Претседателот на ИКТ комората, Саша Огненовски, рече дека во оваа компјутерска ера, нужно е компаниите да ги следат светските технолошки трендови.
„Воведувањето на компјутерски системи и изнаоѓање на софтверски решенија во компаниите е неопходно во насока на нивна промоција, зголемување на ефективноста и ефикасноста на работењето кое понатаму ќе доведе до поголема конкурентност. Следење на современите трендови е неопходно за сите компании почнувајќи од микро, мали па се до големи коорпорации. Компаниите не треба да се двоумат при имплемнтација на одредени софтверски решенија, бидејќи со правилна инвестиција нивниот развој ќе оди во нагорна линија. Најголема шанса да опстанат после четвртата индустриска револуција имаат оние кои што поскоро ќе влезат во процесот на дигитализација. Како што одредени занаети од минатиот век веќе се исчезнати, така и компаниите во денешно време кои нема да го следат технолошкиот напредок ризикуваат да не останат на пазарот. Се работи за временски циклус, но динамиката на промени денес, е значително поголема “, изјави Огненовски.
ИТ секторот е постојано во движење, новините се константни и нивната примена е голема.
„ИКТ комората преку стратегија изгради политики за што побргу вклучување на компаниите во процесот на дигитализација. Компаниите ќе ги поттикнеме да се информираат во кој сегмент да се усовршат да ги имаат потребните информации согласно нивната дејности да бидат во чекор со најновите и неопходни трендови во ерата на дигитализација. Она што е најактуелно е се поголемата потреба накомпаниите за користење на cloud сервиси со цел намалување на трошоците и големиот број на податоци во различен формат кои треба да се анализираат и интегрираат “, изјави Огненовски.
Република Македонија има голем ИТ потенцијал што придонесува за атрактивноста на земјата и пласирањето на поголем број на странски директни инвестиции од областа на ИТ секторот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




