Соларпро Холдинг го доби тендерот за изградба на 50MWp соларен парк во Осломеј
Објавено во: Економија 21 Април, 2021
Соларпро Холдинг АД Софија е избрана за партнер за воспоставување на ЈПП (јавно приватно партнерство) за една од двете фотоволтаични централи на локацијата на стариот рудник во РЕК Осломеј. Фотоволтаичната централа ќе има инсталирана моќност до 50 MWp. Изборот е направен по електронската аукција на 16.04.2021 година, во конкурентна постапка во која учествуваа пет меѓународни компании.
"Би сакал да му честитам на нашиот иден партнер ЕСМ за добиените одлични резултати од тендерот. Би сакал да и честитам на Владата на Република Северна Македонија за организирање на ваква конкурентна постапка и покажување на целиот регион на Југоисточна Европа, со практични примери , како старите рудници за јаглен кои ја загадуваа животнаа околина можат да создадат добро платени работни места и да произведат чиста енергија по конкурентна пазарна цена “, рече г-дин Константин Ненов, извршен директор на групацијата„ Соларпро Холдинг “."Нашата последна понуда беше 18% од идните приходи во корист на јавниот партнер,односно беше 80% повисока од почетното ниво од 10%, кои беа потребни за учество на аукцијата. Како дел од условите на аукцијата, покрај поделбата на приходите, ние ќе понуди 50 работни места на поранешните вработени во рудникот за јаглен во тој регионот. Ние сме многу горди што сме избрани на овај тендер и ќе се потрудиме да обезбедиме одлично технолошко решение за одржливо партнерство “, додаде господинот Ненов.
Ова е втора значителна инвестиција на Соларпро во Република Северна Македонија, по добивањето на тендерот за изградба на соларна централа од 10MWp, во селото Манастирец, Македонски Брод во 2020 година.
Компанијата е една од водечките платформи за чиста енергија во Источна Европа, каде што нуди целосен опсег на услуги за обновлива енергија, вклучувајќи инвестиции во средства за производство, развој на проекти и градежни услуги, работење и одржување, балансирање и трговија со електрична енергија, складирање на енергија итн.
Во Полска, Унгарија, Бугарија и Северна Македонија, Соларпро работи со целосни платформи за обновлива енергија, со над 150 MWp сопствени проекти во изградба и 500 MWp + проекти во развој. Компанијата е лидер во понудата на долгорочни договори за набавка на електрична енергија, договори за долгорочен закуп и разни други решенија за корпоративно снабдување со зелена енергија.
Како главен изведувач и давател на градежни услуги, групацијата Соларпро Холдинг е глобален играч со над 3000 МWp инсталиран капацитет фотоволтаични проекти, кои до денес се завршени на пет континенти. Групата вработува на полно работно време над 1000 високо квалификувани вработени. Особено силно е присуството со градежни услуги на некои од клучните пазари на ЕУ - Холандија, Германија, Франција и Португалија.
"После аукцијата во Осломеј, за две години генерирачките извори на нашата платформа во Република Северна Македонија ќе бидат над 80 MWp инсталиран капацитет. Ова ќе ни овозможи да обезбедиме зелена енергија за потребите на индустриските потрошувачи во земјата. Во текот на последниот месец гледаме зголемена побарувачка за зелена енергија и барања од индустриските потрошувачи за фиксна цена на долгорочните договори за снабдување со електрична енергија, како заштита од нестабилноста на пазарот на електрична енергија “, рече Александар Петрески, извршен директор на Соларпро Холдинг во Северна Македонија“.„Во моментов, во Северна Македонија имаме билансна група од над 450 компании што ги снабдуваме со електрична енергија и ние сме единствената енергетска компанија на пазарот што нуди решенија за зелена енергија на своите потрошувачи“, додаде г. Петрески.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.