05 Декември, 2025
0.0397

„Сончев град“ треба да биде изграден за 6 години, државата бара инвеститор!

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2012 17:59

Добивај вести на Viber

Државата го објави огласот со кој се бара инвеститорот што ќе ја гради елитната населба „Сончев град“ на јужните падини на Водно. Локацијата од 835 619 квадрати се продава со почетна цена од 1,6 милиони евра, односно квадратен метар се нуди за почетна цена од 2 евра. Електронското наддавање за парцелата ќе се одржи на само неколку дена пред Нова година односно од 27-ми декември. Според наведените услови идниот инвестирор на локацијата треба да изгради најмногу индивидуални куќи односно 51% од бјектите треба да бидат куќи, а  помал дел или 9% ќе бидат станбени згради. Ќ е се градат и јавни институции, објекти за рекреација и инфраструктура. Како услов за учество на јавното наддавање е наведено дека заинтересираните инвеститори ке мора да поднесат банкарска гаранција од 500 илјади евра. Откако ке го добие одобрението за градба инвеститотот има обврска во рок од 6 години да ги заврши градбите. Ако тоа не го стори ќе плака казна која изнесува 1,5 % од вкупно постигната цена на јавното наддавање за локацијата и тоа за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот. Овој процент се зголемува секоја наредна година, па така за секој изминат месец од втората година ќе плаќа казна од 3% од постигната вкупна цена на јавното наддавање за локацијата и 4,5% од постигнатата вкупна цена на јавното наддавање за локацијата за секој изминат месец во третата и секоја наредна година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец