СОНЧЕВ ВИКЕНД: Какви температури не очекуваат деновиве?
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2019
Денешниот ден искористете го за прошетка на отворено.
Сончево и топло време не очекува според синоптичарите, со мала до умерена
облачност и со умерен јужен ветер.
Утринските температурите во земјава ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени. Додекадневни температури на воздухот според управата за хидрометеоролошки работи ќе го достигнат максималниот 28 степен целзиусов.
За неделата според метеотолозите ќе се задржат високите степени, односно дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 29 степени целзиусови. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Вдолж Повардарието и на исток ќе дува засилен југоисточен ветер.
Со слично време ќе започне и наредната работна недела.