19 Декември, 2025
0.0464

Sony Xperia SP нема да добие Android 4.4 Kitkat

Објавено во: Стил 10 Септември, 2014 18:43

Добивај вести на Viber

За еден од најпопуларните телефони на Sony од средната класа, од минатата година, Xperia SP, постоеја доста барања од страна на лојалните корисници за испорака на Android 4.4 Kitkat ажурирање.

Овој смартфон во февруари доби Android 4.3 Jelly Bean ажурирање, а неодамна после тоа Sony порача дека евентуалното Kitkat ажурирање е „под испитување“.

Меѓутоа, изгледа дека најновото ажурирање на Android никогаш нема да стигне на овој телефон, а потврдата за тоа пристигна и од самиот Sony .

Сони и официјално потврди дека  Android 4.3 Jelly Bean е последната верзија за овој популарен уред. На овој начин Xperia SP му се придружи на Samsung Galaxy S 3 телефонот и на другите вакви Android уреди, кои инаку би биле способни да ракуваат со Киткат прилично добро.

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се