19 Декември, 2025
0.0779

СООБРАЌАЈКА КАЈ УДОВО: ОЈО осомничи двајца виновници-за едниот се бара притвор

Објавено во: Економија 04 Август, 2016 18:09

Добивај вести на Viber

Случајот за сообраќајната несреќа која се случи вчера утрово на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, во која загинаа двајца сопружници од Скопје е во фаза на истрага.

Денеска од обвинителството информираа дека е почната постапка против две лица осомничени за сообраќајката.

Од обвинителството посочуваат дека од Основниот суд побарале притвор од осум дена за српскиот државјанин - 46-годишниот Д.С, додека за 60-годишниот Ѓ.В. наш државјанин се побарани мерки за претпазливост.

Анализата на надлежните институции ќе покаже кој е одговорен за незгодата во која седум годишно момче остана без родителите.

Да потсетиме...

Сообраќајната несреќа се случи вчера утрото, на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка Ауди А4 со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (1970), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (1956) и автомобил марка Фиат сеиченто со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (1975 г.).

Во несреќата загинаа возачот на автомобилот и неговата сопруга, Б.П. (1984 г.), додека нивниот седумгодишен син е повреден и во критична состојба е префрлен на скопските клиники. Повредена е и сопатничката во аудито, германска државјанка, која со потешки повреди е задржана во Општата болница во Велес.

Можеби ќе ве интересира

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?