Добивај вести на Viber
Љупчо Мицковски- Kец, е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Сопиште. Роден е во 1964 година во Скопје. Завршил Земјоделски факултет. Мицковски, беше прв човек на општината од 2005 до 2009 година. На претходните локални избори, загуби од противкандодатот кој доагаше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Сега повторно ја бара довербата на граѓаните. На неговиот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски му порачува дека, неговиот адут ќе биде решавање на инфраsтруктуни и комунални проблеми, а во истовреме општината да остане еколошка општина.
Фактор:Каква е Вашата визија за Сопиште?
Мицковски: Општина Сопиште, jужната страна на Водно, сончевата, место за Вас и Вашиот дoм. Место за пријатен ден и мирен сон. Дојдете и почувствувајте. Воздухот е гратис.
Фактор:
Кој е клучниот проект на кој ќе се насочите доколку бидете избран за градоначалник на Сопиште?
Мицковски: Стратешки за подолг рок ќе сакам и ќе работам на уредување на просторот, урбанистички, инфраструктура, документација за секоја педа земја во општината. Има голема желба да се даде намена на земјиштето секаде и да се знае каде ќе биде градежно, каде земјоделско, пасшта, шуми, каде инфраструктура, патишта, јавни објекти, површини и слично. Треба жителите на општината да веруваат во мене, а јас ќе направам работи корисни и добри и за нашите поколенија.
Фактор:Вие еднаш бевте градоначалник, но, на претходните избори изгубивте во трката. Со кој адут сега ќе настапите за да ја добиете довербата кај жителите?
Мицковски: Изгубив јас, но јас сум само еден. Многу изгубија жителите на општина Сопиште кои му ја дадоа довербата на актуелниот градоначалник, кого мува не го лази за решавање на некој општински проблем. Добра е демократијата, изборите од кои гласачите можат да видат и споредат кој колку вреди и дава.
Фактор:Дел од жителите во општината изминатите години се соочуваа со проблеми со водоснабдувањето, па со денови остануваа без вода? Имате ли проект да се реши овој проблем?
Мицковски: Таму каде што има систем за водоснабдување проблем со водата има во летниот период, но поголема е маката таму каде што нема никаква вода. За Сопиште мора да се предвиди и изгради нов резервоар за вода со доволно зафатнина која ќе ги задоволи потребите во летниот период, а ќе мораат и жителите рационално да ја користат водата.
Фактор:Во дел од општината се уште има проблем со напојувањето со електрична енергија, односно има слаба струја? Дали овој проблем е на листата на Вашите приоритети за решавање и како?
Мицковски: Сериозен е проблемот со испораката на 220w напон на електрична енергија во повеќе населени места во мрежата на ЕВН. Има проблем. Има проблеми и во високонапонската мрежа. Ќе бараме, ќе сорабоотуваме со жителите и со ЕВН да се подобри сосотојбата со напонот сто е заедничка обврска на општината и ЕВН Македонија.
Фактор: Во изминатиот период, има градежна експанзија, особено во Припор (кој е под општина Кисела Вода), но,бидејќи истиот пат води до населените места во општина Сопиште, главната улица од една страна станува претесна, но, од друга страна се повеќе е ископана од градежната машинерија. Ќе превземете ли нешто за решавање на овој проблем?
Мицковски: Развојот на општина Сопиште во многу зависи од решавање на вакви клучни проекти, водоснабдување и регионален пат во врска со Кисела Вода. Ако се решат овие проблеми, другото ќе си дојде. Jaс планирам во скопскиот плански регион да барам решение за нов регионален пат врска со булевар Србија кај Цементарница Усје.
Фактор:
Сончев град ќе биде проект, што ќе треба да го сработите доколку бидете избран за градоначалник на општината. Очекувате ли соработка со власта за тој проект?
Мицковски:Апсолутно да. Секој со својата надлежност треба да учествува во реализацијата на новата населба, всушност и во договорот за отуѓување н замјиштето забележани се обврските на локалната и на централнта власт.
Фактор:
Со оглед дека проектот Сончев град не успеавте да го реализирате ниту Вие во вашиот мандат, а во пред неколку години дури интервенираше и полицијата во Патишка река, од каде треба да се донесе вода, како сега би се справиле со тој проблем?
Мицковски: Со полиција-НЕ. Насила и сосила не се решаваат работите, конфликтот ќе го решаваме заедно со жителите на Патишка река, ќе разговараме и ќе се договараме. И јас сум убеден во заедничко добро и за двете страни.
Фактор:
Изминатиов период Сопиште прераснува во елитна населба, но, се уште му недостасуваат супермаркети, банки, градинки? Имате ли план како тоа да се смени?
Мицковски: Да, верувам во реализација на планот за административно- деловен центар во Сопиште каде се предвидени споменатите објекти и други содржини.
Фактор:
Кој е моделот за локален економски развој што ќе го понудите на граѓаните, со оглед дека општината нема индустрија и фирми?
Мицковски: Зона за мало и средно стопанство ќе планираме долж регионалниот пат R-104 каде со намена ќе утврдиме повеќе дејности. Добар дел од населението се занимава со земјоделие и тука максимално ќе помогнеме. Во општина Сопиште за индустрија ќе нема место бидејќи смe еколошка општина и сакаме тоа богатство да го чуваме и за идните генерации.