21 Април, 2021
0.0139

Интервју Стефче Трпковски: Сопиште ќе добие вода, пошироки улици, банкомати, Сончев град!

Објавено во: 13 Март, 2013

Стефче Трпковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ  за општина Сопиште. Актуелен пратеник во Собранието. Трпковски е геодетски инжинер, а дипломирал на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во 1982 година во Скопје. На својот противкандидат од редовите на СДСМ, Љупчо Мицковски му порачува дека, програмата ќе ја спроведе на дело, ќе се реализира Сончев град,инфраструктурни и комунални проекти, а ќе ги врати и мототрките кои некогаш беа симбол за опптината.  

Фактор: Каква е Вашата визија за Сопиште?

Трпковски: Општина Сопиште ќе биде општина во која чесноста, искреноста и вистинските демократски процеси ќе бидат движечка сила во пулсирањето и работата на локалната самоуправа. Тоа е она за што јас ќе се залагам и ќе го спроведувам на дело, во интерес на сите жители од општината, но и за промоција на општината, како општина во која важат и се почитуваат овие правила. Ќе се воведат стандарди за квалитет во начинот на работата и во услугите кон граѓаните. Одговорна општинска администрација, како сервис на граѓа­ните, која подразбира систем на организација на работни задачи, одговорности и систем на контрола на квалитетот на работа и на услуги. Затоа, во текот на мандатот ќе ја стандардизираме работата на општинските администрации и во рок од една години ќе го воведеме стандардот за квалитет ИСО 9001: 2008.

Фактор: Кој е клучниот проект на кој ќе се насочите доколку бидете избран за градоначалник на Сопиште? Трпковски: Изградбата на нови резервоари на територијата на општина Сопиште и проектот Патишка река дефинитивно ќе бидат мои приоритети. Во програмата што ја имам, точно се напишани и роковите за овие проекти. Изведба на првичната водоводна мрежа од Патишка река до Сончев град, се планира да биде готова до септември 205 година, додека изведба на второстепена водоводна мрежа од Патишка река до Сончев град, се планира да биде завршена до декември 2016 година. Во однос на проектот за изградба на нови резервоари на территоријата на општина Сопиште, планирано е тие да бидат завршени во декември 2016 година. Фактор: Дел од жителите во општината изминатите години се соочуваа со проблеми со водоснабдувањето, па со денови остануваа без вода? Имате ли проект да се реши овој проблем? Трпковски: Во повеќето населени места од општина Сопиште водоснабдувањето претставува проблем преку целата година, додека во населените места Сопиште, Ракотинци и Добри Дол недостиг на вода има во летниот период. Токму затоа јас можам со сигурност да им ветам на жителите дека водоснабдувањето, односно решавањето на овие проблемите со кои се соочуваат жителите, ќе биде дефинитивно на приоритетната листа и еден од клучните проекти за кои ќе се обидеме да најдеме решение за надминување на сегашните состојби. Фактор:  Во дел од општината се уште има проблем со напојувањето со електрична енергија, односно има слаба струја? Дали овој проблем е на листата на Вашите приоритети за решавање и како? Трпковски: Секако дека, во соработка со надлежни институции и енергетски компании, ќе се обидеме да изнајдеме решение и за овој проблем за да се обезбедат услови за соодветно и квалитетно напојување со електрична енергија. Ќе се направат анализи, каде и какви проблеми има и ќе се исконтактираат сите инволвирани за надминување на проблемите, особено бидејќи општината станува се поатрактивно место за живеење, па квалитетното напојување со електрична енергија е неопходно за нејзина промоција како општина која ги исполнува сите инфаструктурни предуслови за квалитетен живот. Секако не помалку важно е овој проблем да се надмине и за оние кои се тука родени, како и оние кои се доселиле и веќе живеат тука . Фактор:  Во изминатиот период, има градежна експанзија, особено во Припор (кој е под општина Кисела Вода), но,бидејќи истиот пат води до населените места во општина Сопиште, главната улица од една страна станува претесна, но, од друга страна се повеќе е ископана од градежната машинерија. Ќе превземете ли нешто за решавање на овој проблем? Трпковски:  Токму така, поради градежната експанзија во соседната општина Кисела Вода по должината на регионалниот пат кој води до општина Сопиште, истиот претставува тесно грло за одвивање на сообраќајот. За овој проблем веќе е направен проект за дополнителна комуникација на општина Сопиште - Скопје и истиот е на разгледување во институциите.  Исто така се надевам на добра соработка со соседната општина Кисела Вода за заеднички да успееме да го прошириме и асфалтираме патот кај Теферич, кој ќе биде во интерес на жителите на двете соседни општини. Каде што крајниот рок за реализација на овој проект е 2017 година. Но, исто така би сакал да напоменам дека реконструкцијата на локалниот пат во Добри Дол во должина од 608 м, со заем од ЕБОР ќе биде завршенво 2014 година. Фактор:  Сончев град ќе биде Вашиот главен адут, доколку бидете избран за градоначалник на општината.  Кој се Вашите очекувања за овој проект? Трпковски:  Сончев град пред се е викенд населба. Приходите од купопродажба на земјиштето и уплата на комуналиите ќе бидат наменети за раздолжување на реалните долгови на општината и реализација на најопходните проекти. Фактор:  Со оглед дека претходниот градоначалник  не успеа да го реализира, а дури се кренаа и тензии во Патишка река поради што интервенираше и полицијата, кој е вашиот став за овој проект? Трпковски:  Па да, точно е дека имаше одредени несакани настани, но тие се веќе во минатото и затоа јас Ве уверувам дека во комуникација и соработка со жителите од Патишка Река ќе се обидеме да најдеме прифатливо решение, кое ќе биде во интерес на сите. На еден поинаков и искрен начин ќе се обидеме да го решиме недоразбирањето, со разговор и слушање на сите страни и аргумети што ги имаат засегнатите. Фактор:Изминатиов период Сопиште прераснува во елитна населба, но, се уште му недостасуваат супермаркети, банки, градинки? Имате ли план како тоа да се смени? Трпковски:   Јасно е дека градинка во општина Сопиште е повеке од потребно и треба прво да се најде локација (земјиште во сопственост на РМ), потоа да се изготви проект соодветен на локацијата и секако да се обезбедат средства за нејзино изведување. И за овој проект како и за сите останати имаме наведно рок во програмата, а тоа е 2016 година, како краен рок за реализација на проектот. За самохраните родители пак ќе се обезбеди еднократна финансиска помош.  Како еден од проектите за поголема функционалност на општината ќе биде поставувањето на банкомати ,  додека за супер маркети интересот е мал поради блискоста функционалноста и секојдневната релација со градот Скопје. Фактор: Кој е моделот за локален економски развој што ќе го понудите на граѓаните, со оглед дека општината нема индустрија и фирми?

Трпковски: Со реализација на вториот пристапен пат на општина  Сопиште преку Усје со градот Скопје (проект кој е на разгледување во институциите) ќе се овозможи и планирање на идустриска зона. Секако изградбата на индустриската зона ќе биде од особено значење за локалниот економски развој на општината. Но, тоа не е единственото што се планира во оваа насока. Во програмата предвидено е дека ќе се дадеподдршка и развој на малите претпријатија во општи­ната Сопиште преку овозможување основни услови за почнување и за развој на бизнис на младите луѓе во форма на бизнис-инкубатор. Бизнис-инкубато­рот ќе биде сместен во просториите на Општината и без паричен надомест ќе овозможи целосна техничка поддршка на новосоздадените фирми во раз­вој, како и менаџерски и советодавни услуги за пораст и за развој на малиот бизнис. Исто така ќе се посвети особено внимание на обука и на едукација на земјоделците за подготовка на проекти за користење на средствата што се на располагање од претпристапните европски фондови на Европската унија за изградба на преработувачки и производни земјоделски капацитети.

Иако можеби помалку важно од економски аспект, но, сепак е значајно за промоција на општината и спортските активности, покрај тоа што ќе се изградат повеќе спортски игралишта и терени сакам да напоменам дека планираме да ги вратиме мото трките кои пред повеќе години беа симбол на општината.