Сопрена арбитражата за нафтоводот во Македонија
Објавено во: Економија 04 Април, 2019 17:11
Хеленик петролеум до почетокот на мај времено ја сопре арбитражната постапка за тужбата против Македонија за нафтоводот од Солун до Скопје во која се побарува 32 милиони долари по основ на пенали за непочитување на купопродажниот Договор со ОКТА, потврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Решението во однос на барањето да се стави во функција на нафтоводот ќе се бара во рамки на Енергетската заедница.
– Наша позиција во рамки на сегашните добрососедски односи со Грција е да се обидеме да го искористиме тој формат и да ја намалиме колку што може штетата што би можела нашата држава да ја претрпи, односно максимално да ги намалиме средствата што по основ на тој договор како пенал треба да ги уплати, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.
Групацијата Хеленик Петролеум е во напредни разговори со властите во Северна Македонија за повторно пуштање во употреба на нафтоводот Солун-Скопје, изјави денеска претседателот и извршен директор на компанијата Ефстатиос Цоцорос за атинско-македонската новинска агенција по вчерашниот Бизнис форум во Скопје на кој присуствуваа голем број грчки претприемачи.
Гасоводот е во сопственост на Вардакс, во кој Хеленик Петролеум има мнозински удел од 80 проценти, додекаМакедонија има преостанати 20 проценти, а планот е повторно да транспортира дизел нафта до соседната земја.
Цоцорос рече дека нафтоводот може да продолжи со работа оваа година, а според информациите, од двете страни се очекува да се договорат за цената за складирање на итни резерви на нафта и забрзување на постапките за усогласување на македонското законодавство со европското законодавство за безбедност и снабдување со енергетски производи .
– Ако тоа може да придонесе нафтените деривати во нашата држава да стигнат поевтино и притоа се намали цената на нафтените деривати за граѓаните, да го направиме тоа, но во рамки на третиот пакет европски дерективи за енергетика каде за кој било инфраструктурен проект од енергетиката треба да важи конкурентност. Тоа значи дека секој треба да има пристап на тој инфраструктурен објект. Регулаторната комисија за енергетика ќе ја утврдува цената за користење на инфраструктурниот објект, рече Анѓушев
Побарано е, дополни, спорот да се решава во рамки на Енергетската заедница во Виена, каде има оддел за медијација што ќе гарантира дека процесот ќе биде решен и праведно и во согласност со европската регулатива.
Додека времено е стопирана арбитражната постапка, се очекува да се постигне договор. Ваквата добра волја следува по престојот на владинита и бизнис делегација што ја предводеше грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




