СОПРУГАТА НА АСАД НЕ Е ЗАДОВОЛНА ОД ПРЕСТОЈОТ ВО МОСКВА: Планира да се разведе и да се врати во Лондон?
Објавено во: Свет 20 Декември, 2024
Сопругата на поранешнит сириски претседател Башар ал Асад размислува да се разведе од него и да се врати во Лондон, јавува Си-Ен-Ен Турк. Асма не е задоволна од условите за престој во Москва каде што семејството побегна откако бунтовниците ја презедоа власта во Сирија.
Асма побарала посебна дозвола од руските судови да ја напушти Москва. Тоа може да биде проблем бидејќи руските власти му забранија излез на Асад од Москва, а го замрзнаа и неговиот пристап до имот и финансиски ресурси. Постапката е во тек.
Асма има британско државјанство бидејќи е родена во Западен Лондон, а таму живеат нејзините родители. Асма се запознала со Асад во Лондон додека тој специјализирал офталмологија. Се омажила за него само неколку месеци откако тој го наследи татко си како претседател на Сирија. Нивните два сина и ќерка се веќе возрасни.
Асма се образувала во приватно училиште, студирала компјутерски науки на престижниот Кралски колеџ во Лондон, а подоцна станала инвестициски банкар.
Нејзиниот татко е кардиолог, а нејзината мајка работела во сириската амбасада во Лондон.
EPA PHOTO ANSA/CLAUDIO ONORATI
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.