19 Декември, 2024
0.0280

СКОПСКА КОМПАНИЈА СЕ ТОВАРИ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА - кривична пријава заработи и управителот

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.С. во својство на управител и против правното лице Балкан Марбле Индустриес ДООЕЛ Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела , „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ. Пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.

„Пријавениот Б.С., како управител на правното лице, во период од 01.01.2013 година заклучно со 31.12.2020 година, со намера да избегне плаќање на данок на добивка за пријавеното правно лице од Скопје и покрај тоа што не ги вратил примените парични средства на име на аванси примени од пет странски правни лица, во вкупен износ од 308.714.994 денари (5.019.756 евра), пријавениот не ги отпишал застарените обврски на пријавеното правно лице по основ на претходно наведените аванси, кои се постари од три години, со што примените аванси не ги прикажал како приходи во Даночните биланси на пријавеното правно лице за период од 2016 година заклучно со 2020 година, а кој податок бил од влијание за утврдување на ваквите обврски“, се вели во пријавата.

Поради тоа, дошло до намалување на даночната обврска за пресметка на данок на добивка, со што пријавениот не пријавил и не платил данок на добивка по пресметковна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 19.831.372 денари, односно над 322 илјади евра.

На тој начин, пријавениот Б.С. го извршил кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 2 и став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 45 од КЗ и пријавеното правно лице од Скопје го извршило кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 став 4 во врска со став 1, а во врска со член 45 од КЗ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ? Од 2011 е дел од Агенцијата

КОЈА Е НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ? Од 2011 е дел од Агенцијата

КАВАДАРЦИ, СТРУМИЦА, ШТИП, ВЕЛЕС И КИСЕЛА ВОДА ТРОШАТ НАЈМНОГУ НА ЗАБАВА - истражувањето откри дека не го применуваат Законот за јавни набавки

КАВАДАРЦИ, СТРУМИЦА, ШТИП, ВЕЛЕС И КИСЕЛА ВОДА ТРОШАТ НАЈМНОГУ НА ЗАБАВА - истражувањето откри дека не го применуваат Законот за јавни набавки

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ – КЛУЧ ЗА ИНКЛУЗИЈА, НО СО СЕКОЈДНЕВЕН СТРЕС И НЕСИГУРЕН СТАТУС: Амандманите на ЛДП како чекор кон трајно решение

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ – КЛУЧ ЗА ИНКЛУЗИЈА, НО СО СЕКОЈДНЕВЕН СТРЕС И НЕСИГУРЕН СТАТУС: Амандманите на ЛДП како чекор кон трајно решение

„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје

„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје

КАЛАЈЏИЕВ ЗА ГРУБИ: Не можел да биде приведен при преминување на границата со Косово, мерките како „стоп листа“ се спротивни со Уставот!

КАЛАЈЏИЕВ ЗА ГРУБИ: Не можел да биде приведен при преминување на границата со Косово, мерките како „стоп листа“ се спротивни со Уставот!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа