САНАЦИЈАТА НА ГЛАВНИОТ ВОДОВОД ЌЕ ЗАВРШИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 15 ЧАСА: Скопје утре без вода, ЈП „Водовод и канализација“ со сите детали
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024
Поголемиот дел од Скопје утре ќе остане без вода поради
обемна санација и модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП
„Водовод и канализација“.
Што ќе се работи?
„Во рамки на оваа акција ќе се заменат нефункционални затварачи и ќе се изврши санација на затварачи што подолг период се дефектни. Дополнително, ќе се заменат четири воздушни вентили со цел да се подобри притисокот во делови од градот“, се вели во соопштението.
Оперативниот план вклучува:
Замена на нефункционален затварач Ф400мм кај кружниот тек во Ѓорче Петров.
Репарација на затварач Ф600мм на мостот Обединети нации.
Санација и замена на затварачи Ф700мм и Ф150 на булевар „Партизански одреди“.
Поправка на затварачи Ф700мм и Ф500мм на улица „Никола Парапунов“.
Замена на четири воздушни вентили.
„Целта на оваа акција е подобрување на водоснабдувањето и значително намалување на загубите на вода, особено во општините Ѓорче Петров и Карпош, каде што досега беа забележани значителни проблеми“, додаваат од претпријатието.
Почеток и времетраење
Според Оперативниот план, активностите ќе започнат утре, сабота, 21 декември,
во раните утрински часови. Од претпријатието информираат дека акцијата ќе трае
помалку од 15 часа, со најмногу време посветено на празнење и повторно полнење
на системот.
Апел до граѓаните
Апелираме до сите јавни чинители да внимаваат во изнесувањето информации и да
не предизвикуваат страв и паника кај граѓаните за неколку часовното немање
вода. Овој сериозен зафат се превзема за да се превенираат состојби на дефекти
како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели
немаше вода поради несанирани дефекти.
Од ЈП „Водовод и канализација“ потенцираат дека за сите прашања или дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат до службите на претпријатието во текот на целиот ден додека траат активностите, за што во финкција ќе биде и дежурниот телефон 02 3073 010.
фото: FB* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.