05 Декември, 2025
0.0304

Сопствениците навреме да ги достават податоците за подземните и надземните инсталации

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2013 12:26

Добивај вести на Viber

Заради воспоставување на подземниот катастар сопствениците на инфраструктурни објекти треба навреме да ги достават податоците за подземните и надземните инсталации, а геодетските фирми што ќе ги вршат мерењата што поскоро да ја набават потребната опрема.

Ова е апелот кој го  упати директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на денешната обука што се спроведува за воспоставување на подземниот катастар пред претставници на приватни компании, јавни претпријатија, општини и геодетски фирми.

- Обврската на сите иматели на инфраструктурни објекти е до април сите податоци  што ги имаат во нивните бази да ги достават до Агенцијата за катастар на недвижности за да бидат евидентирани. Законската обврска за добивање имотен лист е пет години од донесувањето на законот, односно до 2018 година, изјави Трпески.

 Трпески смета дека е неопходно што поскоро да почне премерот со цел да се воспостави катастарот, бидејки ќе треба да бидат опфатени милиони километри инфраструктура.

-Сакам да ги повикам  овластените геодети односно трговските поединци да ја набават потребната опрема. Некои веќе почнале со набавка, така што се е подготвено да почне постапката и е добро да се испочитуваат законските рокови. Ако не се испочитуваат тогаш следуваат санкциите, нешто што најмалку го посакуваме, нагласи Трпески.

Од Комората на трговски друштва за геодетски работи велат дека  биле вклучени уште во активностите за подготовка на целиот проект и се запознаени што треба да се преземе. Во Македонија работат 130 трговски друштва со лиценца за геодетски снимања, а според раководството на комората, има доволно стручен кадар за да се спроведе проектот. Во завршна фаза е подготовката на тарифникот врз основа на кој ќе се утврдат цените по кои геодетските фирми ќе наплаќаат за премерите на сопствениците на инфраструктурните објекти, што го подготвува Комората, а треба да го усвои Агенцијата  за катастар на недвижности.

- Трговските друштва за геодетски работи поседуваат стручен кадар, а моментно интензивно се работи на наоѓање производители на опремата - скенери за подземни снимања. Апелирам  до геодетските фирми час поскоро да ја набават  опремата во рамки на своите можности бидејќи, сепак, постои различна опрема од овој тип, како по квалитет, така и по цена. Имателите  на инфраструктурните објекти, пак, треба да ги достават своите податоци до Катастарот заради евидентирање на објектите, а потоа и  да склучат договори со геодетските фирми, изјави претседателот на Комората Борис Тунџев.

Сите општини, односно сите субјекти што управуваат со инфраструктурни објекти се опфатени со проектот за воспоставување подземен катастар.  Премерот  треба да ги покаже точните бројки, а првичните анализи на Катастарот е дека се работи за милиони километри. По премерот ќе добијат имотен лист.

Застој во реалицацијата од Катастарот очекуваат  кај општините со оглед дека тие имаат најмалку податоци за подземните инсталации, но очекуваат  тоа да се надмине со нивен ангажман и запазување на роковите. Претставниците на општините присутни на обуката оценија дека воспоставувањето на подземниот катастар  им е голем интерес бидејќи се најголеми инвеститори во подрачјата што ги покриваат. Велат дека поради немањето податоци за  подземните инсталации  трошоците многу им се  зголемуваа.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите