17 Декември, 2025
0.1613

Соработник на Ескобар: Дали Драгослав Космајац е најголемиот нарко-бос на Балканот?

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2014 20:08

Добивај вести на Viber

Човекот кој српскиот премиер Александар Вучиќ го означи како најголем дилер на дрога во Србија, Драгослав Космајац, всушност бил еден од најблиските соработници на колумбискиот крал на кокаинот Пабло Ескобар и единствена личност од овие простори која била во домот на Ескобар, пишуваат српските медиуми. Развојниот пат на Космајац во нарко-бизнисот наликува на филмска приказна, а разузнавачки извори тврдат дека својот статус на голем играч на европскиот нарко-пазар тој му го должи токму на Ескобар. Со колумбискиот крал на кокаинот Космајац се запознал преку некој Колумбиец со кој две години заедно служел затворска казна за вооружен грабеж во Австрија, а за кој подоцна се покажало дека е човек од доверба на Ескобар. „Затворот за него беше како лото, бидејќи таму запозна извесен Колумбиец за кој подоцна се испостави дека е близок соработник на Пабло Ескобар, најпознатиот шверцер на дрога во светот. Откако излегле од затвор пријателството не прекинува. Напротив, тоа на Космајац му беше влезница во картелот на Ескобар, а со време и лично го запознал познатиот крал на дрогата“, тврдат овие извори. Единствен опд овие простори бил во приватната куќа на Ескобар. Со текот на времето се зближиле, па Космајац станал човек на Ескобар задолжен за Европа. Токму тој во името на јужно-американските картели носел одлука за тоа кој во Европа може да влезе во бизнисот на шверц со дрога. Колумбиецот Пабло Емилио Ескобар Гавирија уште во седумдесетите години на минатиот век ситната продажба на дрога по улиците на својот роден Медељин го претвори во најмоќен нарко-картел на планетата. На врвот на својата моќ во 1989 година Ескобар се наоѓаше на неверојатното седмо место на листата на најбогати луѓе на Форбс со имот кој тогаш се проценуваше на 18 милијарди долари. На почетокот на 90-тите години колумбиската влада под притисок на САД започна судир со него. Војната меѓу Ескобар и колумбиската влада ги чинеше живот еден државен обвинител, еден министер за правда, тројца претседателски кандидати на Колумбија, повеќе од 200 судии, 30 киднапирани жртви, десетици новинари и околу 1.000 полицајци. Ескобар беше убиен дури на 2 декември 1993 година, во обид да и побегне на полицијата од својата куќа. Луксузниот живот на Космајац Откако Вучиќ јавно го изговори името на Космајац како најголем нарко-дилер во Србија, медиумите започнаа да објавуваат детали од неговиот живот. 61-годишниот Космајац поседува голем имот во вредност од пет милиони евра. Имотот кој наликува на тврдина, со огромно обезбедување и ограда од три метри, вклучува вила на шест ката, огромен базен, терени за кошарка и фудбал, спортска сала, парк со егзотични растенија. Освен ова, Космајац поседувал и имот во Црна Гора. Соседите на Космајац за него велат дека е љубезен и добар комшија и оти тие никогаш не би претпоставиле дека е моќен диер на дрога, додека не го слушнале премиерот на телевизија. „До скоро не знаевме за кого станува збор, додека во медиумите не се појави неговото име и фотографија“, велат тие.
За малку фатен во Црна Гора? Драгослав Космајац и неговиот 24-годишен син наводно пред неколку дена имале „блиска средба“ со црногорската полиција заради пребрзо возење. Лазар Космајац притоа бил уапсен заради попречување на службено лице во извршување на својата должност. Судот за прекршоци во Херцег Нови експресно го осудил на десет дена затвор. Но, иако неговиот татко бил со него во автомобилот против него не се преземени никакви мерки, бидејќи српската полиција не распишала меѓународна потерница ниту на друг начин ја известила црногорската полиција дека трага по него. Драгослав Космајац во Црна Гора влегол со лична карта од Словачка, а според сознанијата на црногорската полиција, веќе ја напуштил земјата кон Босна и Херцеговина.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии