19 Декември, 2025
0.0486

СОРОС ГО ФРЛА ПОСЛЕДНИОТ КЕЦ: Дупла кладба на крахот на …

Објавено во: Економија, Свет 17 Август, 2016 10:51

Добивај вести на Viber

Американскиот милијардерски инвеститор Џорџ Сорос го извлече и последниот кец од ракавот двојно зголемувајќи ја својата кладба на крахот на индексот на Њујоршката берза S & P500.

Сорос до слава и богатство дојде кладејќи се против фунтата во 1992 година, пишува Волстрит журнал.

Овој 86-годишен унгарски бегалец објави дека до 30 јуни го зголемил влогот против главниот индекс S & P500, кој ги опфаќа акциите на 500 најголеми американски компании, ставајќи на продајната опција (put option) 4,0 милиони акции од својот Фонд од првичните 2,1 милион акции.

Така наречената „Пут опција“ му дава на инвеститорот (купувачот, опција) право, но не и обврска, да ги продаде тие акции во иднина по утврдена цена во одреден рок. Тоа значи дека Сорос дебело ќе профитира ако индексот S & P 500 „колабира“, наведува Волстрит журнал.

Во меѓувреме, фондот на Сорос исто така остро ги намалил своите позиции во златото, распродавајќи мнозинство акции кои во последниот квартал ги купил во компанијата „Барик голд“, најголем светски произведувач на злато, и драстично ги намалил своите позиции во златниот ЕТФ фонд кој го основал Светскиот совет за злато.

Милијардерот исто така објавил дека продолжил да ја повлекува својата изложеност кон Кина, која ја означил како епицентар на следната финансиска бура, распродавајќи ги своите позиции во „Шлумбергер“, најголемата светска компанија по пазарна вредност која нуди услуги на нафтениот сектор, пишува Волстрит журнал.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии