29 Септември, 2024
0.1808

Сорос го купи Имлек, Књаз Милош и Бамби

Објавено во: Анализа 05 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Контроверзниот бизнисмен и унгарски милијардер, Џорџ Сорос, го купил „Danube Foods Group“ во чија сопственост се „Имлек“, „Бамби“, „Књаз Милиош“, „Суботичка млекара“, пренесуваат локалните медиуми.

Тие соопштуваат дека фирмата „Mid Europa Partners“ ја купила „Danube Foods Group“ во чија сопственост се „Имлек“, „Млекара Суботица“, „Бамби“ и „Књаз Милиош“ како и млекарите во сопственост на „Имлек“ во Македонија, Република Српска и Црна Гора.

Неофицијалниот сопственик на најголемиот инвестиционен европски фонд  “Mid Europa Partners” е контроверзниот бизнисмен и најбогатиот Унгарец, Џорџ Сорос.

“Mid Europa Partners” е инвестиционен фонд фокусиран на централна Европа и Турција, со седиште во Лондон и претставништва во Будимпешта, Истанбул и Варшава. Од своето основање од 1999 одина, “Mid Europa Partners” раководел со вкупен капитал од 4,2 милијарди евра. Фондот е познат во Србија и регионот по создавање на водечкиот кабловски и интернет оператор , „СББ Телемах група“, која ја продал во октомври 2013 година на американскиот инвестиционен фонд „Kolberg Kravis Roberts“ (KKR), пишува српски Блиц.

Да потсетиме дека Џорџ Сорос одигра клучна финансиска улога во создавањето на телевизијата “B92″ за време на режимот на Слободан Милошевиќ. Кога Сорос го повлече својот капитал од “B92″, телевизијата е продадена на грците.

Џорџ Сорос е унгарски Евреин роден во 1930 година во Будимпешта, а се збогатил со берзанските шпекулации. Политичкото дејствување ширум светот воглавно го насочувал преку Фондот за отворено друштво, основано во 1979 година. Како што се зборува, Сорос ги финансира и организациите како „Хјуман Рајтс Воч“, Радио „Слободна Европа“, „Фондот за отворено друштво“ во Србија, Весли Кларк, Џорџ Буш Сениор, Меѓународниот трибунал во Хаг, а најголемо влијание имал на претседателот на српска ЛДП Чедомир Јовановиќ, и членовите на неговата партија, пишуваа претходно српските портали.

Сорос себе си се претставува како голем филантроп. „Вашингтон Тајмс“ претходно пишуваше дека токму Сорос стои зад финансирањето на легализацијата на мараихуана во САД. Владата на Уганда го обвинила дека финансира легализација на проституцијата во таа земја.

(Извор:intermagazin.rs)