Сорос купува злато, за што се подготвува инвеститорот овој пат?
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2016 09:32
Познатиот финансиер Џорџ Сорос активно ja возобновува претприемничката активност и неодамна инвестираше големи средства во пресметаниот пад на светските берзи, пренесува Волстрит џурнал.
Според информации на весникот, Фондот „Soros Fund Management“, кој располага со 30 милијарди долари на Сорос и неговото семејство, продал пакети акции и со добиените средства купил злато и хартии од вредност на златни рударски компании.
Изданието тоа го смета за крајно загрижувачки знак и смета дека финансиерот се подготвува да се врати на берзанските шпекулации со падот во одредени сегменти на светската економија.
Потсетуваме дека Сорос натрупа богатство пред 1992 година во т.н.. црна среда, кога шпекулираше против британските фунти, сметајќи правилно, дека британската валута е сериозно преценета, освојувајќи над 1 милијарда долари и ја принуди „Bank of England“ да ја повлече фунтата од Европскиот монетарен систем, а четири години подоцна ја повторува вежбата во азиската криза со шпекулација со малезиската валутна единица - што удри сериозно врз Малезија и некои проценки го забавија нејзиниот економски развој за две години. Весникот потсетува дека во последните години 85-годишниот инвеститор Сорос практично се повлекол од активна дејност и се занимавал со добротворни цели.
Како што соопшти во март весник New York Times милијардерот, заедно со истомисленици меѓу либерално настроените бизнисмени, одлучија да дадат 15 милиони долари за поддршка на претендентите и претседатели од САД од демократската партија. Стана јасно дека се работи за финансиска поддршка на Хилари Клинтон.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




