10 Декември, 2025
0.4429

Сорос: Кризата ќе се реши ако Германија ја напушти еврозоната

Објавено во: Свет 16 Октомври, 2012 13:42

Добивај вести на Viber

Европската унија може да биде уништена од страна на „страшната валутна криза". Затоа Германија треба да ја преземе одговорноста и да го спаси еврото, коментира милијардерот Џорџ Сорос,а цитиран од ЦНБЦ.  Економистот, кој ваков беше и против британската фунта во 1992 година, наведува дека решение ќе биде Германија едноставно да ја напушти еврозоната. Според Сорос, кризата која е создадена од политички причини,  ја турка ЕУ кон долготрајна депресија. „Постои реална опасност еврото да ја уништи Европската унија. Начинот да го спречиме тоа е Германија да преземе поголема одговорност и да ги  почитува не само своите сопствени интереси,  туку и оние на земјите должници. Германија мора да се однесува како лидер на ист начин како САДкога ја презедоа одговорноста за слободниот свет по крајот на Втората светска војна“, вели Сорос, претседател на „Сорос Фонд Менаџмент“ и основач на фондацијата „Отворено Општество“. Инвеститорот коментира дека Германија треба да интервенира и да го спаси еврото, бидејќи како што вели, ако успее, напорите ќе чинат многу малку, но ако не успее сите држави бидат доведени до економски колапс, заедно со Германија. „Издавањето на заеднички еврообврзници е начин за споделување на ризиците во еврозоната. Друг излез од актуелната тригодишна криза е Германија да ја напушти еврозоната“, нагласува Сорос.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон