15 Мај, 2024
0.7545

СОС Детско село: Вистинските пријатели се како ѕвездите, не секогаш ги гледаш, ама секогаш се тука за тебе

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Секојдневно се посакуваат многу нешта. Желбите на овој свет се безбројни. Некој посакува да отпатува до далечна дестинација, некој посакува да инвестира во својот кариерен напредок, некој посакува да го помине животот со саканата личност, некој посакува топла прегратка и среќно детство. Позади најзначајните и највредните нешта кои се посакуваат во животот и позади исполнувањето на секоја желба на светот се наоѓа едно заедничко нешто – љубовта. Со цел исполнување на скромните детски желби, отсега за сите оние кои посакуваат да подарат насмевка на децата без родителска грижа и децата во социјален ризик, ќе можат да го направат истото на поедноставен начин преку онлајн донации:

https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/

Водени од желбата да се поттикне свеста за донирање кај граѓаните и да се истражи колку е моќна желбата да се помогне на оние на кои најмногу им е потребно, СОС Детско село реализираше социјален експеримент во Cineplexx во Скопје. Неколку анонимни лица подготвија специјални видео-пораки за своите најмили. Тие беа емитувани на големото платно и нивните најблиски беа целосно изненадени од најмоќната порака на светот - „Те сакам“. Но најсилната реакција ја предизвика контрасната порака на детето без родители кое со своите желби за семејство и љубов ја потсети публиката во кино салата за важноста на помошта и донирањето за децата без родителска грижа и децата во социјален ризик во Македонија како и дека секое дете заслужува љубов и соодветни услови да сонува и да успее во животот.

Видео од социјалниот експеримент:https://youtu.be/n_NCBTLBKkA

Од денес на влезот на Cineplexx во Skopje City Mall во Скопје е поставено посебно катче за сите оние кои сакаат да ги заменат незаменливите. Секој кој што ќе донира преку специјалната касичка на СОС детско село или online преку специјален таблет на лице место, ќе ја има можноста да стане дел од ѕвезденото небо на СОС Детско село. Потребно е само желба да се помогне.

За сите кои сакаат да ја претопат својата добрина во созѕвездие на љубов, од денес можат да донираат преку новата и подобрена официјална веб страница на СОС детско село: https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/

Се повикуваат сите да ја пронајдат светлата точка во своите срца, бидејќи едноставно – секое дете ги заслужува ѕвездите. 


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година