Соседите на Грција се претпазливи
Објавено во: Балкан, Економија 29 Јуни, 2015 20:53
Петар Бахчеванов повлекол малку пари од банкомат во бугарската престолнина во понеделникот, за да се увери дека подлабоката криза во соседна Грција не е пренесена врз банките со грчка сопственост, каде се држат пари, пишува во својата анализа Ројтерс.
Милионите жители на поранешните социјалистички републики Бугарија, Македонија, Албанија, Србија и Романија имаат депозити во банки, во сопственост на грчките трезори. Ова го става овој крај на Југоисточна Европа во преден план, ако грчката криза причини зараза.
Централните банки на Македонија и Србија воведоа дополнителни ограничувања за движењето на капиталот меѓу локалните единици и нивните матични банки во Грција, наведувајќи го тоа како превентивни мерки против евентуална зараза од Атина.
„Откако ги гледав вестите на телевизија, само сакав да проверам дали се е во ред и дали можам да повлекувам пари од сметката“, коментира за „Ројтерс“ Бахчеванов пред филијала на Пиреос банк, која е подружница на грчката „Piraeus Bank“.
Тој успева да стигне до пари, од прилика 100 лева од банкомат. Потоа влегува во банкарската гранка, како вработените го уверуваат дека не треба да паничи за својот депозит.
Таква е и сликата во регионот - банките велат дека бизнисот оди како и обично, како нема рестрикции или повлекувања во грчки стил. Нема и знаци за формирање на редици пред филијалите на банките со грчка сопственост.
Централните банки во регионот ги поставија под ефективен карантин грчките банки, за да не бидат растресени комерцијалните банки од потресите во Грција. Сепак агенцијата забележува дека соседите на Грција се нервозни и остануваат будни, по драмата во Атина.
Денес од Народна банка на Македонија соопштија дека им наредиле на штедачите да ги повлечат своите депозити од грчките банки и да воведат привремени мерки за да го спречат одливот на капитал од македонските поделби кон грчките банки мајки.
„Не забележуваме необична активност“, изјавил претставник на Централната банка на Македонија, кој побарал анонимност. „Не сме виделе и невообичаено однесување на штедачите“.
Во Србија, каде четирите најголеми грчки банки поседуваат 15% од пазарот, централната банка воведе слични ограничувања за подружниците на грчките банки.
Општо земено банките во регионот работат, прифаќаат депозити и даваат нови кредити.
„Вршиме вообичаен бизнис“, коментираат од Обединета бугарска банка - четвртата по големина банка во Бугарија, сопственост на „National Bank of Greece“.
„Понеделник е нормален работен ден“, велат за агенцијата од „Пиреос банк“.
Во главниот град на Македонија - Скопје, филијала на „Стопанска банка“, сопственост на „National Bank of Greece“, исто така функционира нормално.
Во Србија работник во месниот оддел на грчката банка вели дека меѓубанкарските операции во Грција се запрени, бидејќи банките таму не работат, но коментира дека другите операции се одвиваат нормално. Други во Романија го потврдиле тоа, но додаваат дека е така со месеци.
Во Албанија, каде што исто така нема редици пред филијалите на грчките банки, претставник на централната банка вели дека земјата нема планови да ја следи Македонија и да наметнува дополнителни ограничувања за движењето на капитал.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




