Соседот на Атиџе ветил дека нема да ја вознемирува, реагираше и градоначалникот на Лозово
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020
Агресивниот сосед на Атиџе Муратова, хероината од филмот „Медена земја“ ветил дека нема да ја вознемирува.
Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски на својот Фејсбук профил објави дека разговарал со Хусеин соседот на Атиџе, и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.
„За да помогнам како градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии“, напиша Велковски.
Тој информира дека животот на Атиџе не е загрозен.
Додава дека кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата кои разговарале со него и отишле кај Атиџе за изјава.
Муратова вчера преку медиумите побара помош затоа што соседот и правел проблеми на имотот во село Бекирлија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.