05 Декември, 2025
0.1645

Состанок на ЕУ посветен на скандалот со коњското месо

Објавено во: Агробизнис 13 Февруари, 2013 12:31

Добивај вести на Viber

Вонреден состанок ќе одржат министрите за земјоделство на земјите-членки на ЕУ попладнево во Брисел, посветен на скандалот со откривањето примероци на ДНК од коњи во говедското месо.

Како што јави ДПА, од средбата, на која ќе присуствува и еврокомесарот за здравство Тонио Борг, не се очекуваат никави конкретни мерки во врска со овој скандал.

По избувнувањето на аферата кабинетот на Борг соопшти дека нема сознанија за опасност по здравјето на граѓаните. - Не говориме за прашање поврзано со сигурноста на храната... Во оваа фаза каква и да било забрана не би била соодветна, изјави портпаролот на Борг.

Аферата избувна по откривањето на примероци на коњско месо во месни говедски производи на компаниите „Финдус“ и „Комижел“ во супермаркети од Франција и Велика Британија, кои веднаш беа повлечени од продажба. Во целиот синџир за набавка на спорното месо биле вклучени фирми од Франција, Луксембург, Романија, Ирска, Кипар и Холандија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?