СОСТОЈБА ОД ПЕТОКОТ: Кој е македонскиот град каде немаше ниту едно слободно работно место?
Објавено во: Економија 27 Јули, 2020
Ниту едно слободно работно место минатата недела немаше во Крушево. Ова во петокот можеше да се види од податоците објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.
Крушевчани објаснуваат дека со години е така, и дека младите немаат многу избор, затоа што работа нема. Поради лошата економска ситуација се принудени да се иселуваат. Слична судбина имаат и другите мали градови во земјава. Околностите ни малку не се поволни за младите.
„Младите бегаат или во соседните градови, или во странство. Заминуваат за Скопје, Прилеп, Битола, а од странските земји најчесто одат во Германија. Гратчето е многу убаво, но нема работа за младите. Овде единствено ако почнат нешто приватно да си работат или со туризам. Во Крушево се останати претежно постари луѓе“, вели Даниела Јанеска, жителка на Крушево.
Луѓето се разочарани затоа што оваа година на туристички план е многу лоша поради пандемијата.
„За младите перспектива нема, и тоа е така одамна. Оваа година и од туризмот нема ништо, иако претходно успевавме нешто да заработиме од оваа гранка. Младите заминуваат во Прилеп и во Битола. Некои се преселиле таму, или пак живеат под кирија. Работат во фабрики, конфекции, бутици, продавници. Доколку има организиран превоз во соседните градови, тогаш може да се патува, но ако нема, со редовен превоз е претешко. Во Крушево може да се најде сезонска работа, но не и постојана, стабилна работа. Ако не се преземат некои мерки, во Крушево ќе останат само стари луѓе. Има луѓе кои заминаа за Словенија, но и други кои чекаат да се отворат границите, и да заминат“, раскажува повозрасна жителка на градот.
Сотир Габелоски, администратор на групата Викенд во Крушево и вработен во општината пооптимистично гледа на работите. Вели дека е отворена фабрика за производство на масло од канабис, ќе се отвори уште една, а тутунскиот комбинат ќе ги прошири капацитетите со што ќе има можност за вработувања. Додава дека и тие како локална самоуправа преку низа проекти се трудат да генерираат нови работни места.
„Многу луѓе иднината на Крушево ја гледаат во туризмот. Се зголемува и бројот на регистрирани сместувачки капацитети во градот“, вели Габелоски.
Во текот на викендот на веб страницата на Агенцијата се вработување, состојбата се промени и за Крушево е евидентирано едно слободно работно место.
Во Крушево се регистрирани 1.018 невработени. Од нив 481 жена и 537 мажи.
Од друга страна, во Скопје, Струмица, Тетово, Охрид и Куманово има најмногу слободни работни места.
Најчесто се бараат работници за во трговија, градежништво, преработувачка индустрија.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.