Се влошува состојбата со Слатинската брана, жителите исплашени
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2013 20:45
Состојбата со браната во Слатино во општина Дебарца е сериозна, а дополнително се усложнува и поради обилните врнежи од дожд кои ја зафатија земјава. Од насипната брана направена во шеесетите години од минатиот век од земја и камења, истекуваат големи количини вода. Надлежните сепак не сакаат да шпекулираат какви се последиците ако дојде до целосно урнување на браната, но жителите во околината стравуваат за своите животи и имот.
Денеска и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски го посети локалното население и направи обиколка на браната.„Сакав на лице место да ја согледам состојбата со браната во Слатино која, како државни институции, изминативе денови редовно ја следиме. Оштетувањето е од сериозни размери. Останува координирано да делуваме во рамки на можностите и условите кои, за жал, не одат во прилог доколку се земат предвид временските прогнози“, посочи тој и додаде дека професорите од Градежниот факултет веќе извршиле увид на состојбите.
Од Дирекцијата за заштита и спасување побараа итно да се формира експертско тело и да се договори какви мерки ќе се превземат, а за почеток најавија дека ќе делат вреќи песок на жителите од реонот. Од Центарот за управување со кризи пак информираа дека од браната истекуваат 4-5 метри кубни вода во секунда, а вкупното оштетување на браната е со должина од 15-20 метри и со висина од околу 18 метри.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија





