СОСТОЈБАТА ВО БИХ Е МНОГУ ТЕШКА: Ново предупредување за врнежи - се уште се трага по исчезнатите
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2024
На четвртиот ден од катастрофалните поплави и одрони во кои загинаа најмалку 20 лица, додека трае потрагата по исчезнатите, ситуацијата е многу отежната, а последиците се уште се видливи, најмногу во Доња Јабланица, која најмногу настрада.
Дарко Јука, шеф на Одделот за односи со јавноста на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК), претходно денеска изјави дека се уште трагаат по девет лица - пет во Јабланица и четири во Коњиќ.
Особено загрижува новото предупредување од Федералниот хидрометеоролошки завод за нови врнежи кои се очекуваат во наредните денови.
Водата и одроните уништија куќи и оштетена инфраструктура, а има и жртви.
Многу патишта се уште се блокирани, па се користат обиколници.
Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (EUCPM) е активиран за Босна и Херцеговина, а на терен ќе пристигнат тимови за одговор, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина денеска ги зајакнаа своите капацитети да му помогнат на населението во елиминирање на последиците од поплавите и одроните.
- Од утрово продолжи ангажманот со инженерски машини во општина Јабланица и градот Коњиќ (населбите Крапина и Бутуровиќ Поље). Исто така, во општините Кисељак и Фојница, покрај зголемениот број луѓе, ангажирана е и механизација. На готовност се и хеликоптерски капацитети и други ресурси на вооружените сили на Босна и Херцеговина - соопштија од Канцеларијата за односи со јавноста на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.
Се проценува дека во повеќе од 10 села во атарот на Коњица се уште не е пристигната помош поради огромните штети на патиштата и големата оддалеченост, а најмногу тоа се планинските села под Битовња, соопштија утрово од Оперативниот центар за цивилна заштита на ХНК.
Папата Франциско упати сочувство и порака за поддршка до жителите на БиХ: „Ја изразувам мојата блискост со населението на Босна и Херцеговина погодено од поплавите. Господ да ги земе мртвите во своите раце, да ги утеши нивните семејства и да им биде поддршка и помош на тие заедници“, рече Папата во обраќањето пред верниците на плоштадот Св. Петар во Ватикан.
Катастрофални поплави на 3 октомври во ноќта меѓу средата и четвртокот го погодија подрачјето на Јабланица, Фојница, Коњица, Крешево и Кисељак, во кои досега загинаа најмалку 20 лица.
Одроните и големите количества дожд предизвикаа огромни материјални штети на патната инфраструктура, куќите и другите објекти.
Бројни спасувачки екипи од Босна и Херцеговина, регионот и светот се на терен и ги пребаруваат споменатите области со цел да ги пронајдат исчезнатите лица.
Фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.