Социјалната помош се зголемува за 5 проценти идниот месец
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2016 18:43
Следниот месец социјалната парична помош ќе биде зголемена за 5%, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој објасни дека во буџетот за 2016 година се предвидени средства за зголемувањето.
„Станува збор за околу 30.000 семејства кои земаат различни видови социјална помош. До сега околу 62% е зголемена социјалната парична помош во период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова ќе биде едно ново зголемување, тоа беше ветено и сега се реализира“-вели Груевски.
Најдобра социјална политика е политиката за отворање на нови работни места, додаде тој.
Лани во истиот период социјалната помош беше зголемена за 10%.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




